„Чудни сили” синоќа се обиделе да го демолираат зелениот покрив на ГТЦ, но се фатени на дело, приведени и предадени во полиција, напиша денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својот фејсбук-профил.
Наведува и дека заедно со граѓаните ќе биде упорен во борбата Скопје да стане поубав и попристоен град.
„Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот покрив на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои „чудни сили” решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање. Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција. Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а „чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст, пишува Шилегов во својот фејсбук-статус на кој, во прилог, има закачено и две видеа.
https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/3070542423170335/
https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/3070542439837000/