Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шкариќ: Во услови на пандемија правото треба да молчи
Во Фокусот

Шкариќ: Во услови на пандемија правото треба да молчи

октомври 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Универзитетскиот професор по уставно право, Светомир Шкариќ, оценува дека предлогот на Комисијата за заразни болести во домовите да не може да се собираат повеќе од четворица гости е оправдан. Во услови на пандемија, вели тој, примарно е јавното здравје, а на Уставот треба да се размислува откако државата ќе успее да се справи со кризата која е и глобална.

„Што е Уставот во однос на пандемија? Во Лондон не смеат повеќе од шестмина на улица да се движат. Ни правото ни Уставот не можат во вакви вонредни услови да имаат никакво значење. Моне вели дка нужноста ја создава Европа, а не нечија желба. И, сега, кај нас има нужност. Правото сега треба да молчи. Ние имаме нова околност, загрозување на целата нација. Ако една Америка не може да излезе на крај, што останува за малите народи, ќе исчезнеме како ништо ако не постојат светските усилби да се дојде до вакцината. Ситно е да го толкуваме Уставот сега во вакви услови. Треба да се обединиме и многу проблеми да решаваме без правни средства. Да се види како да се спасиме и да ги почитуваме мерките“, изјави професорот за ,,Слободен печат”.

Тој додава дека конкретната мерка со која во домовите се предлага освен оние што живеат на истата адреса да не смеат да присуствуваат повеќе од четворица, не се однесува на неповредливоста на домот, туку на ограничување на правото на слобода на движење.

„Се е тоа ограничување на слободата на движење и во домот дури. Најчувствителни на такви ограничувања беа Британците, а сега мора да го трпат тоа. Ни во паб не можат да одат. Во прашање е повисокото добро, животот, и тоа не само на еден човек, туку опасноста што нечие однесување може да биде за другите животи“, смета професорот Шкариќ.

Комисијата за заразни болести вчера и предложи на владата да препорача нови мерки откако епидемиолошката слика во земјава со коронавирусот се влоши, болничките капацитети се наполнија, а за три дена беа регистрирани 1000 нови случаи на Ковид 19.

актуелно вирус корона Устав Шкариќ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.