Наместо на 18-ти јануари зимскиот распуст за учениците ќе трае до 23-ти јануари, одлучи Комисијата за заразни болести
„Оваа мерка е потребна за намалување на заболените од грип на возраст од 0 до 14 години. Ќе се спроведе темелна дезинфекција на автобусите на Јавното сообраќајно претпријати во Скопје и другите градски автобуси, како и во останатите градови каде што има организиран сообраќај. Засилената мерка, исто така, предвидува темелна дезинфекција на сите училишта пред почетокот на училишната година“, изјави министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров.






