Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шкријељ на ТВ 24: СДСМ спроведе мерки што значително го подобруваат животот на жените, време е за 50-50 застапеност
Македонија

Шкријељ на ТВ 24: СДСМ спроведе мерки што значително го подобруваат животот на жените, време е за 50-50 застапеност

март 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Законот за минимална плата значително ја подобрува економската состојба на жените. Со законот беа земени предвид индустриите во кои доминираат жените како работнички. Ова се родово сензитивни мерки за јакнење на економската независност на жените и тоа е клучно. Но, има една црвена линија која не може да се помине, тоа е линијата за дискриминација врз жените. Одговорно би било од сите нас во име на таа кауза за заштита на жените да внимаваме и да не го мешаме она што значи партиска агенда со тоа што значи наша борба како жени. Како на пример, не стануваше за дискриминација врз родова припадност во случајот со Рашела Мизрахи. Таа не го почитуваше законот и затоа се реагираше,  а не затоа што таа е жена, анализираше Санела Шкријељ, членка на комисијата за труд и социјална политика, во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.

Таа објасни дека СДСМ има направено цел сет законски решенија кои значително го подобруваат статусот на жените во оптшеството.

-Сметаме дека е време за 50:50, односно дека е време за силни и солидарни жени кои што ќе застанат позади овој концепт и време е за радикални промени во нашето општество. Во изминатите 2,5 години мислам дека покажавме дека може да се преземат крупни чекори кои што ќе водат до унапредување на состојбата со еднаквите можности на жените и мажите. Би ги спомнала новиот Закон за абортус којшто значи слобода и автономија на жената да одлучува за сопственото тело, би ја споменала ратификацијата на Истанбулската конвенција и сите нови сервиси кои што ги отворивме се со цел превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените,  новиот Закон за превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените за разлика од досега препознаеното само семејно насилство, новиот Закон за заштита и превенција од дискриминација, понатаму развојот на услугите на локално ниво во социјалната заштитата што значи директно инвестирање во економијата на грижа кон жените, појасни Шкријељ.

Таа смета дека македонското општество и понатаму е патријархално и промените одат тешко, но процесот е започнат и мора да продолжи.

-Јас сметам дека клучот за остварување на овие промени е женската солидарност и борбата на жените. СДСМ  препозна дека клучот за развојот и прогресот е во еднаквата застапеност на жените и токму затоа она со што се донесе одлука е, не само еднаква застапеност на жените во сите управувачки структури во партијата туку и еднаква застапеност на листите за пратеници. Системот кој сега се нуди е систем што гарантира дека жените ќе бидат подеднакво застапени на пратеничките листи, изјави Шкријељ.

 

сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.