Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шолц: „Го имам мандатот!“
Европа

Шолц: „Го имам мандатот!“

септември 28, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Имам мандат да ја водам следната германска влада!“. Ова го порача Олаф Шолц, кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) која води пред демохристијаните, нивниот досегашен партнер во владеачката коалиција. Шолц најавува дека ќе настојува да формира власт со Зелените и либералите (ФДП), чиј лидер Кристијан Линднер наговести дека овие две партии би можеле да формираат блок и со заеднички позиции на настапуваат во преговорите.

На Зелените и на либералите им припадна улогата на тас на вагата во формирањето на идната германска влада и планираат да разговараат за сите можни варијанти во коалицискиот „систем“.

Во овие моменти, најповеќе шанси има таканарешената „Семафор коалиција“, односно, поделба на власта меѓу „црвениот“ СПД, како постар партнер“ и Зелените и „жолтите“ либерали како помлади членови.

Партијата СПД веќе формираше шестчлена екипа, која со Зелените и ФДП ќе разговара за формирање на “Семафор коалицијата“. Преговарачкиот тим го предводи Шолц кој, инаку, победи во изборната единица Потсдам и директно освои пратеничко место во Бундестагот, чиј член е од 2011 година.

Шолц, меѓутоа, место во Бундестагот, ќе седи на канцеларискиот стол, ако се суди според традицијата на изборниот округ Пинеберг, во југозападната покраина Шлезвиг-Холштајн. Од 1953 година, во овој округ со 315.000 жители без грешка се „прогнозира“ кој ќе биде новиот германски канцелар. А на неделните избори победи, имено, кандидатот на СПД, Ралф Штенгер.

Со оглед на тоа дека ниту СПД ниту ЦДУ-ЦСУ не сакаат „голема коалиција“, каква што постоеше во владата во последната деценија и пол, јасно е дека новата влада ќе биде тричлена.

Заради загубата на првата позиција на политичката сцена во Германија, не негодуваше само ЦДУ, туку и баварската, сестринска ЦСУ, која отвори вистинска рафална стрелба на канцеларскиот кандидат Армин Лашет.

Според пишувањето на „Билд“, на седницата на претседателството нас ЦДУ дошло до остра расправа. Министерот за здравство на покраината Северна Рајна Вестфалија, Карл Јозеф Лајман, бесен извикал: „Доста ми е веќе! Милион и пол гласачи преминаа од кај нас во СПД“.

ЦДУ во неделата го оствари својот најлош резултат во модерната историја и никој не верува дека објаснувањето на Лашет дека тоа е поради заминувањето на Ангела Меркел, после 16 години.

Лашет, принуден, ја смени реториката во врска со барањето за формирање влада и сега тврди дека не споменал никогаш оти има намера да формира влада, иако веднаш по изборите до длабоко во ноќта разговарал со Линднер.

Младите членови на оваа партија остро се спротивставуваат на влегувањето во власта по секоја цена и бараат ЦДУ да оди во опозиција и темелно да се подготви за следните избори.

 

 

 

(Фото: АП)

актуелно ангела меркел германија зелени избори коалиција лиерали Олаф Шолц ундестаг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.