Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Фернандо Јеро, ја превзеде одговорноста за елиминацијата од Русија во осминафиналето на Мундијалот и порача дека нема намера да бара алиби во тоа што непосредно пред првенството е преместен од местото директор.
Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид ја прифаќа вината за испаѓањето на пенали и покрај тоа што на само еден ден од почетокот на Мундијалот на селекторското место го замени Џулиено Лопетеги.
„Дали го обвинувам Сојузот? Секако дека не, не можам да покажувам со прст во други и да барам виновник во нив. Морам да бидам реален, ситуацијата е јасна. Бесмислено е да анализираме што беше во минатото, одуките се донесени и нема да обвинувам други. Ја прифатив оваа улога и одговорност и сега морам да ги прифатам и последиците“, изјави Јеро за „Марка“.
Тој не може да каже дали ќе остане на таа функција.
„Искрено, не сум загрижен, мислам дека тоа сега не е толку важно. Мораме да го поделиме овој тежок момент“, беше јасен овој некогаш одличен штопер и дефанзивен играч за врска.
За разлика од Јеро, угледниот шпански весник „Марка“ пронајде виновници во тројката Флорентино Перез, Џулиено Лопетеги и Луис Рубиалес. На Перез му сте става замерка дека со Лопетеги ја договорил работата во „минута до 12“, пред почетокот на Светското првенство, а пак на претседателот на Сојузот, Рубијалес, дека направил смена на селекторите.
Весникот потсетува дека токму поради тоа настанал судир во соблекувалната затоа што играчите како Серхио Рамос, Џерар Пике и Андрес Иниеста застанале на страната на Лопетеги, но дека Рубијалес инсистирал да се направи промената.







