Поранешната германска амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер во интервју за Дојче Веле го осуди онесувањето на Ѓорге Иванов затоа што тој не дава одговор за тоа како да се надмине актуелната состојба во државата.
„Нови избори ќе значи нови месеци на целосна стагнација. И тоа секако не е добро за земјата. Тоа ќе биде многу скап избор за мала земја како Македонија, а организирањето избори толку често е тешко“, изјави Штајнакер.
Штајнакер во интервјуто говори и за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за кого вели деке неговата репутација е тешко оштетена поради аферата со прислушувањето, која сѐ уште не е расчистена.
Сметам дека треба да ѝ се даде шанса на опозицијата да формира влада, а доколку не успее, секако дека нови избори се неизбежни. Но, мислам дека е мудро да ѝ се даде таква шанса на опозицијата, Гудрун Штајнакер
Мораме, наведува таа, да видиме што ќе откриело Специјалното обвинителство кое често било напаѓано од медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, што според неа било неприфатливо, а Катица Јанева морала да добие шанса да си ја заврши работата.







