Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска ги прими борачите на Клубот „Олимпија“ кои изминатиот период постигнаа значајни успеси на два меѓународни турнири во Србија и Косово.
На меѓународниот турнир во Белград, на кој учествуваа повеќе од 250 натпреварувачи, борачите на БК „Олимпија“ освоија десет медали од кои четири се златни, а во Косово освоија два златни медали.
„Убаво е да се започне работниот ден со граѓани на Штип кои го промовираат градот со значајни спортски успеси на меѓународно ниво. Сакам да им честитам на овие млади борачи за вака значајните успеси на турнирите во Србија и Косово. Општина Штип секогаш ќе биде поддржувач на младите таленти кои се амбасадори на Штип“, рече Бочварски.