Синдикатите на „Бритиш ервејс“ и лондонското метро најавила нови штрајкови за февруари, што ќе донесат нови проблеми на патниците во британската престолнина.
Синдикатот „Јунајт“ соопшти дека работниците на „Бритиш ервејс“ ќе штрајкуваат од 5 до 7 февруари и потоа повторно од 9 до 11 февруари.
Работниците во лондонското метро, исто така, ќе стапат во штрајк на 5 и 7 февруари во знак на протест заради планираните отпуштања.
Жителите на Лондон се соочија со хаос во сообраќајот на почетокот на месецот, кога работниците во железничката мрежа штрајкуваа еден ден порадо недостаток на персонал.
Садик Кан, градоначалникот на Лондон, го осуди штрајкот наведувајќи дека им донел „страдање на повеќе милиони жители на престолнината“.