Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со поразот од Стефанос Циципас од Грција (1:2) во четвртфиналето на Мстерсот во Шангај, не успеа да ја одбрани титулата, загуби 820 поени и го загрози првото место на АТП листата.
Светскиот рекет број еден сега има 9.545 поени и само 320 повеќе од Шпанецот Рафаел Надал.
Проблем за српскиот ас претставува тоа што до крајот на сезоната ќе мора да ги брани финалињата од Париз и завршниот мастерс во Лондон, за разлика од Надал кој минатата година ги пропушти двата турнира и може само да собира поени.
Мастерсот во Париз на програмата е од 26 октомври до 3 ноември, а турнирот во Лондон е од 10 до 18 ноември.
(Фото: АП)