Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на импресивен начин се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз, откако денес го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6:1, 6:2.
Српскиот ас му одржа вистински „час по тенис“ на младиот Грк и за само 58 минути му се реваншираше за неодамнешниот пораз во Шангај.
Ѓоковиќ утре во полуфиналето ќе игра против Бугаринот Григор Димитров, кој претходно беше подобар од Чилеанецот Кристијан Гарин со 6:2, 7:5.
Мастерс турнирот во Париз се игра за награден фонд од 5,2 милиони евра.
(Фото: АП)