„Влатко Ѓорчев денеска на пресконференција објави дека ќе се кандидира за претседател на државата.
„Објавувам и кажувам дека ќе се кандидирам за претседател. Имам искуство, мотивација, знаење, чесност и лојалност, рече Ѓорчев на пресконференција во Собранието на Република Македонија.
Додаде дека сега бил мотивиран повеќе од кога било и истакна дека не се плаши од противкандидатот на СДСМ.
„Директно им велам на сите кандидати од СДСМ на 21 април Ве чекам јас, но и најмалку 500 илјади граѓани на Република Македонија да ја вратиме надежда на Македонија, рече Ѓорчев, додавајќи дека е подготвен да се вложи со целото мое битие и знаење.







