Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ѓорѓиоски: Од лицата наведени во кривичната сум измамен и искористен
Фудбал

Ѓорѓиоски: Од лицата наведени во кривичната сум измамен и искористен

јули 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Финансиската полиција денеска поднесе кривични пријави против 11 физички и 14 правни лица, меѓу нив и поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски.

Се работи за проневера од 2,4 милиони евра во ФФМ, за која е обвинет заедно со екс сметководителка на федерацијата, Олгица Младеновска и уште други девет физички и единаесет правни лица.

Ѓорѓиоски во својот допис до медиумите вели дека бил „измамен и искористен од соработниците“ на кои им ја дал целосната доверба за време на неговиот мандат.

Дописот до медиумите ви го пренесуваме во целост:

„Како поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и неправедно инволвиран во случајот „ФФМ“, би сакал да се обратам на јавноста по повод истиот.

По однос на написите во медиумите за моја вмешаност во кривично дело „несовесно работење“, би сакал да кажам дека ова е уште еден од низата напади против мене.

Јас од лицата наведени во кривичната пријава сум измамен и искористен, а тоа можам да го видам од приложените докази кои ми беа дадени на увид од страна на финансиската полиција и за кои лица ќе поднесам кривични пријави на кои веќе работи мојот правен тим.

Пријавата за случајот се однесува во период од 2016 до 2019 година, а јас како претседател на ФФМ поднесов оставка во 2018 година.

Што значи дека наведеното лице го правела истото дело не само во мое
време, туку и по мојата оставка, а многу веројатно и пред јас да станам
претседател на ФФМ.

Јас како претседател и одговорно лице сум бил измамен од одговорното лице за финансиско работење во ФФМ кое работи повеќе од 30 години како раководител на финансискиот сектор во ФФМ и секако дека ќе поднесам кривична пријава против истата и ќе преземам соодветни мерки за заштита на својот углед и достоинство како како човек и спортски работник.

Во својство на претседател согласно статутот и правилниците на ФФМ и позитивните законски прописи формирана е финансиска комисија (експерти од областа на финансиско работење, пет члена) и е ангажирана надворешна ревизорска куќа чија задача е да вршат контрола на финансиско работење на одделот за финансии при ФФМ, што значи дека како одговорно лице сум ги презел сите дејства за правење на контролен механизам во финансиското работење на ФФМ.

Најлесно е да оцрниш човек дефинитивно без никаква совест и одговорност.

Да ставиш бомбастичен наслов во кој ќе срушиш се што некој создавал со посветеност и макотрпна работа.

Никогаш не видов бомбастичен наслов дека во времето на Илчо се направи „Куќата на фудбалот“ и тренинг-центарот, ниту дека беше направена Академијата и Детската лига од која излегоа врвни фудбалери и репрезентативци.

Се направи најтешката смена на генерацијата во А-репрезентацијата и од
175. место на ФИФА ранг-листата сега сме на 63-то, можеби и понапред
во моментов, и ќе бидеме во иднина–сигурен сум во тоа зашто направивме одлична компетитивна репрезентација и влог и база за сите идни успеси.

Во времето на Илчо се случи најголемиот успех–пласман на ЕП за фудбалери до 21 година која генерација денес е носител на играта во А-репрезентацијата.

Пласманот на младите репрезентации на елитните УЕФА Турнири стана нормална работа, иако претходно беа многу ретки.

На клупско ниво Вардар играше во групите на Лига Европа.

Се изградија многу терени и стадиони со што значително се подобри инфраструктурата.

И на крај, во времето на Илчо се одржа Суперкупот на УЕФА во кој играа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, настан со кој во центарот на светот беа Скопје и нашата Македонија и за првпат од осамостојувањето имавме еден позитивен настан.

Можам сега да ви кажам дека Илчо е директен виновник за тоа што се случи Суперкупот во Македонија и никогаш не ми требале ловорки за било што од ова.

Секогаш сум го давал најдоброто од себе за федерацијата и државата да имаат успеси. Мојата единствена грешка е што имав целосна доверба и бев измамен од луѓе вработени во федерацијата за кои верував дека се компетентни и чесни во својата работа“.

Ѓорѓиоски ФФМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

ФК Вардар ќе плати 3500 евра казна за недоличната прослава

мај 20, 2026

Фермин: Звучи како клише, но има уште натпревари до крајот на сезоната

април 27, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.