Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ѕвездите на Силиконската долина во слободен пад
Берза

Ѕвездите на Силиконската долина во слободен пад

ноември 9, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иако централните банки сè уште не го омекнуваат тонот, а ФЕД со зголемување на каматните стапки до пет проценти може да предизвика глобална рецесија, Дау Џонс (Dow Jones) повторно силно зајакна минатата недела. Дури ниту остриот пад на „Амазон“ не го запре Волстрит во петокот.

Веќе речиси една година, Дау Џонс, елитниот индекс на 30 американски корпорации, не порасна четири пати по ред на неделно ниво, како сега, што повторно го отвари прашањето дали берзите, како толку пати во историјата, не го допреа дното во октомври.

Се чини дека ФЕД (Американската банка за федерални резерви) во овој момент е премногу агресивна за да можеме да очекува скорешен крај на надолниот тренд. Пазарите на фјучерси предвидуваат дека ФЕД, кој во моментов не посветува премногу внимание на заканата од рецесија, но е сериозен во намерата да ја намали инфлацијата, до мај 2023 година ќе ги подигне каматите на пет проценти, што би можело да донесе тешко приземјување на американската економија, но исто така и глобална рецесија, посебно затоа што преостанатите главни централни банки исто така се соочуваат со долготрајна битка со инфлацијата.

Иако американската економија може да се пофали со економски раст од 2,6 отсто во периодот од јули до септември, после благиот пад на БДП во претходните два квартали, САД сè уште официјално не прогласиле рецесија. Големото прашање е што ќе се случи следната година. Сè е во рацете на централната банка, која повторно ќе се состане во првите два дена од ноември и речиси сигурно ќе ги зголеми каматите – исто како што во четвртокот направи и Европската централна банка – за 75 базични поени, на 3,75 проценти. Ќе биде многу поважно да се фатат навестувања за тоа какво ќе биде заострувањето на монетарната политика во иднина. Самата надеж дека веќе во декември ќе доживееме умерен раст на камати (за 0,5 процентни поени) доведе до убаво закрепнување на берзанските индекси во последната третина од октомври.

Во меѓувреме, сезоната на кварталните заработки кулминираше со низа главно негативни изненадувања од технолошките гиганти. Нивното работење покажува дека дури и Силиконската долина се повеќе го чувствува влијанието на високата инфлација и повисоките камати. Некои акции, кои беа „миленици на пазарот“ по финансиската криза од 2008 година, а растот се мереше во илјадници проценти, доживеаја мала катастрофа.

Акциите на „Мета“ паднаа за повеќе од 20 отсто за еден ден, а слична бурна реакција беше забележана и во „Амазон“ после објавувањето на кварталните резултати (барем во првите моменти од вонберзанското тргување) во четвртокот, што на хартија „дувна“ речиси 200 милијарди долари, но редовното тргување во петокот донесе само малку помал див пад (-12 проценти) и намалување на пазарната вредност на компанијата „само“ за нешто повеќе од 100 милијарди долари, на најниска вредност од април 2020 година.

„Амазон“ во третиот квартал оствари профит од 3,9 милијарди долари, што е за девет отсто помалку од истиот период лани. Аналитичарите главно ги разочара предвидувањето за забавување на растот на продажбата во тековниот квартал (се очекуваше дека приходите ќе бидат помеѓу 140 и 148 милијарди долари; пазарот очекуваше 155 милијарди долари) и очекувањата дека повисоките трошоци во комбинација со силниот долар значително ќе му наштетат на профитот.

„Гугл“ и „Мета“, исто така, известија за голем пад на профитот, при што „Мета“ (или Фејсбук) дури и се преполови.

И „Гугл“ и „Мета“ се во голема мера зависни од приходите од реклами, а бизнисот на „Мета“ е попречен и од високите трошоци на проектот за виртуелна реалност или „метаверс“ (за кој се очекува дека ќе стане следна „голема работа“), тука е и се поголемата конкуренција (ТикТок) како и ризикот дека регулаторите на социјалните мрежи дополнително ќе го засилат притисокот. Акциите на „Мета“ паднаа под 100 долари и сега се на најниско ниво од 2016 година.

актуелно Амазон банка Мета Силиконска долина Фед
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.