СДС врши груби изборни злоупотреби. Државниот имот се злоупотребува за партиски цели, вели Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа се прави во Куманово, во Струмица.
„Прво. Вработените во општинското јавното прептријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово наместо на работа делат партиски флаери за СДС и Максим Димитриевски.
„Второ. Истото се случува и во Струмица. Во општина Струмица каде долги години градоначалник беше Зоран Заев, со комбе во сопственост на општината се разнесува изборен материјал на СДС.
„Трето. Граѓаните беа сведоци како во првиот ден од кампањата Зоран Заев на партискиот митинг во Битола оди со службени возила на владата.
„СДС едно зборува пред медиуми, а друго работи во реалноста.
Незаконски и скандалозно е вработени во јавната и државната администрација во работно време да бидат користени за партиски цели.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите набљудувачи на изборниот процес да реагираат на ваквата ноторна злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.







