Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Јанушев: На пратеници им се нудени милиони евра за да ги поддржат уставните измени
Македонија

Јанушев: На пратеници им се нудени милиони евра за да ги поддржат уставните измени

октомври 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Велат ако не се бориш, веќе си загубил, решеноста да се бориш значи половина добиена битка. ВМРО-ДПМНЕ одбра борба против оваа власт, влезе во битка за Македонија, во моменти кога на власт се наоѓа неодговорна, криминална и неспособна политичка елита.

Денес се случува вистинска драма. Структури на власта, и структури кои одработуваат за оваа власт вршат жестоки уцени, закани и притисоци врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија.

Собранието на Република Македонија се претвори во пазар, и арена на притисоци, закани и уцени.

Денес добива совршена смисла се она што се случуваше во изминатата година ипол. Во Македонија се апсат луѓе заради политички прогон, а денес се пробува да се тргува со нивната слобода. За возврат се бара поддршка на уставните измени произлезени од договорот со Грција.

Се ветуваат парични награди за послушните, а доколку не се прифати, се местат сведоци, се креираат случаи. Се врши влијание врз блиски роднини на пратениците, се врши заплашување. Политичкото обвинителство да обвинува, политизираното судство да суди, а Заев да договара, товари или ослободува луѓе.

Ќе споменам неколку примери, на еден пратеник му се понудени 1 милион евра за да гласа за договорот, истите се одбиени, на друг пратеник му се понудени 2 милиони евра, на трет 250 илјади евра. Сето ова е одбиено бидејќи достоинството нема цена, се работи за нашата татковина.

Дополнително се активираат полициски структури, структури на безбедносните служби, а околината на самото Собрание е под опсада на ликови со бричени глави кои се познати на подземјето.

Господине Заев има ли алал во ова?

Дали сте свесен господине Заев што правите и во каков амбис ја водите државата?

Тргнете ги рацете од волјата на народот и оставете пратениците слободно да одлучуваат.

Никаде во светот нема киднапирано Собрание и  расправа која ќе се закаже се додека се постигне потребното мнозинство за кое власта решило дека мора да се постигне. Ова е невиден преседан.

Се ова ќе ви се врати како бумеранг, ова не се демократски вредности, ова не е за Европска Македонија за која наводно се боревте, ова е диктатура на неколкумина врз мнозинството.

Ова што Заев денес го нарекува обиди за создавање на мнозинство, во реалноста е насилие, насилие токму врз македонскиот народ.

Во Собранието повеќе од присуството на Зоран Заев е потребно присуството на јавното обвинителство кое мора веднаш да преземе мерки, и да се испитаат сите наводи за противзаконско и противуставно работење, сите закани, сите уцени, и притисоци.

Дозволете во оваа прилика да им одадам признание на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија кои не подлегнаа на притисоците и заканите, кои  во овие моменти се стожерот врз кој се потпира волјата на граѓаните, вие сте последната брана пред оваа налудничава и недемократска Влада и наша заедничка обврска е да опстоиме. И ќе опстоиме. И ќе победиме.

И само за крај, г-дине Заев – Вашата злоба и насилство не е поголема од нашата љубов кон  Македонија“, изјави на прес конференција Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ.

актуелно вмро-дпмне собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.