Јапонија ќе набави крстаречки ракети од среден домет, кои се лансираат од воздух, а кои ќе служат за одбрана на земјата, накави министерот за одбрана Ицунори Онодера.
Ројтерс наведува дека ракетите се во можност да ја погодат Северна Кореја и дека станува збор за контроверзна набавка на она што ќе биде муниција со најголем домет на таа земја, која се одрече од правото на војна.
Сепак, јапонскиот министер не ја спомена Северна Кореја кога ја објави планираната набавка туку рече дека новите ракети се наменети за одбрана, додека Јапонија се ослонува на тоа дека САД, во случај на потреба, ќе ги нападнат базите на непријателот.
Онодера изјави дека Јапонија планира да купи проектили која ги развила норвешката компанија за одбрана и воздухопловство „Конгсберг“, а чиј домет е 500 километри.
Другата врста на ракети од „Конгсберг“ може да ја погоди целта на 1.000 килоемтри одалеченост.







