Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Јоханес Хан: Одбивањето на Франција носи ризик од нестабилност во регионот
Македонија

Јоханес Хан: Одбивањето на Франција носи ризик од нестабилност во регионот

октомври 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан повторно остро го критикуваше негативниот став на Франција и одбивањето на европските лидери да донесат одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, оценувајќи оти последиците по двете земји и по регионот може да бидат катастрофални.

Хан во интервју за австриската агенција АПА вели дека по негативната одлука на лидерите на ЕУ се отвора прашањето дали станува збор за трајно вето од Франција за проширувањето.

„Искрено кажано по одлуката на Советот на ЕУ, ние сме беспомошни. Сепак, треба да се има предвид дека 25 земји се изјаснија за отворање на преговорите, истакнува Хан, упатувајќи критика за принципот за едногласно носење одлуки во Советот на ЕУ, кој според него досега повеќепати се покажа како неефикасен.

Хан вели дека францускиот претседател Емануел Макрон бара ЕУ претходно да спроведе внатрешни реформи што е поддржано и од некои други членки. Но, тоа според еврокомесарот, може да се одвива и паралелно со процесот на пристапување на државите кандидати.

„И едното и другото ќе траат со години и ако ја следиме линијата на Макрон и би се одело едно по друго тоа во пракса би значело дека перспективата за членство во ЕУ може да стане реалност дури по 30 години. А, тоа не би била никаква перспектива ниту поттик за реформите, смета Хан.

Еврокомесарот за проширување оценува дека очигледно Франција во моментов не сака никакво проширување на ЕУ, а најавите дека ова прашање повторно ќе се разгледува за време на хрватското претседавање е „бесконечна приказна“.

„Можеш еднаш да одложиш и тогаш може да има аргументи. Може дури и втор пат да се одложи како што беше примерот со роковите во германскиот Бундестаг во јуни. Но, искрено кажано сега веќе нема никакви аргументи и довербата во ЕУ по ова прашање е екстремно нарушена, истакнува Хан.

Тој упатува порака до официјален Париз дека приемот на нови земји членки не е ревизибилен процес посочувајќи на Копенхашките критериуми. Постои можност преговорите да бидат прекинати, ако се утврди назадување на земјата кандидат.

Хан исто така предупредува дека негативната одлука на европските лидери носи ризик од нестабилност во двете земји и во целиот Западен Балкан. Најавените предвремени избори во Северна Македонија, според него, покажуваат колку е чувствителна внатрешно-политичката ситуација во државите од регионот. Тоа ќе има влијание и врз иднината на дијалогот меѓу Србија и Косово, како и врз реформите во Босна и Херцеговина кои ќе ја изгубат мотивацијата по одлуката на ЕУ да не отвори преговори со Скопје и Тирана, смета еврокомесраот за проширување Јоханес Хан.

актуелно Јоханес Хан нестабилност регион ризк
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.