Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „ЈП Морган Чејс“ влегува во метаверзумот
Финансии

„ЈП Морган Чејс“ влегува во метаверзумот

февруари 17, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најголемата американска банка на Волстрит, „ЈП Морган Чејс“, најави отворање на канцеларија во виртуелниот свет „Децентраленд“ и со тоа стана првата банка која обезбеди место во метаверзумот.

Како што наведуваат од банката, метаверзумот пружа пазарна можност од билион долари годишен приход, бидејќи креаторите користат технологија базирана на ‘блокчејн’ за да заработат од нивната работа на нов начин.

„Оник лаунџ“, именуван по интерниот ‘блокчејн’ платен систем на „Морган“, беше претставен заедно со извештајот на банката во кој детално се опишани можностите за раст на компаниите во врска со метаверзумот и причините за нивниот „експлозивен интерес“.

Посетителите на канцеларијата, која се наоѓа во трговскиот центар „Метајуку“ во Децентраленд, ги пречекува тигар што шета и дигитален портрет на извршниот директор на банката Џејми Дајмон. Доколку играчите одат нагоре, можат да ја гледаат презентацијата на извршниот директор за економијата на криптовалутите.

„Кога размислувате за економијата на метаверзумот – или „метаномијата“, постојат можности во речиси секоја област на пазарот, велат од банката.

„Ние не сме тука за да сугерираме дека метаверзумот што го знаеме денес ќе ги преземе сите човечки интеракции, туку да ги истражиме многуте возбудливи можности што ги нуди за потрошувачите и брендовите.“

Во извештајот се истакнува дека просечната цена на виртуелното земјиште двојно се зголемила од 6.000 долари на 12.000 долари во периодот од јуни до декември минатата година.

„ЈП Морган“ предвиде дека потрошувачката за рекламирање во игрите ќе достигне 18,4 милијарди долари годишно до 2027 година.

„Оваа демократска економија на сопствеништво, заедно со можноста за интероперабилност, може да отклучи огромни економски можности, при што дигиталните стоки и услуги повеќе не се заробени во една единствена платформа или бренд за игри“, велат од банката.

Исто така, се поголемо е користењето на метаверзумот, поттикнато од интересот на големите брендови како што се „Волмарт“, „Најк“, „Геп“ и „Адидас“.

 

 

 

 

 

(Фото: Танјуг/АП)

Адидас актуелно банка Волстрит економија ЈП Морган
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.