Од ЈСП Скопје категорично ги отфрлуваат обвинувањата за дискриминација по етничка основа во случајот со студентот Сирхан Усеин и двајца контролори, кој се случил на 9.02.2020 година во 10.45 часот во автобусот на линија 45.
Од таму информираат дека студентот го пријавил случајот во ЈСП Скопје дури денеска, вторник (11.02.202 год) и тоа по барање на ЈСП.
Тој дал и напишал изјава со која сам потврдува дека не станува збор за етничка дискриминација, во ниту еден момент не бил навреден со погрдни зборови на етничка база.
Изјава дале и двајцата контролори, при што категорично ги отфрлаат шпекулациите за дискриминација.
Од ЈСП велат дека случајот се процесуира и ќе се преземат соодветни мерки.
Сакаме да веруваме дека овој случај нема да се злоупотреби за дневно политички цели и подгревање на страстите кај одредена етничка група граѓани.
Се надеваме дека во иднина медиумите нема да пласираат само еднострани информации, преземи од социјалните мрежи, туку изворно ќе се информираат за случајот, а во интерес на професионалното информирање ќе побараат изјава и од ЈСП Скопје.
Напоменуваме дека за ЈСП Скопје сите корисници на јавниот превоз имаат еднаков статус.
Единствено, разликуваме патници со уредно валидиран билет и патници без билет.