Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ќе се формира регистар на професионални он лајн медиуми
Во Фокусот

Ќе се формира регистар на професионални он лајн медиуми

август 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Формирање регистар на професионални он лајн медиуми со кој ќе и се посочи на јавноста кои медиуми ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, но и кои се тие кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат
транспарентно сопствеништво и импресум“, најавија денеска од Здружението на новинарите на Македонија, Стопанската комора и Советот за етика во медиумите кои потпишаа Меморандум за соработка.

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски рече дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка почнува процесот на препознавање на професионалните медиуми и таканаречените медиуми од страна на јавноста, кои имаат за цел да шират невистини и да дезинформираат.

„Борбата со дезинформациите и неквалитетното новинарство мора да почне од нас, бидејќи доколку не го направиме тоа може да дојде до регулација на онлајн медиумите, а тоа претставува и ризик за ограничување на правото на слобода на изразување. Ваквиот вид евидентирање ќе и помогне и на бизнис заедницата за да знае во кои медиуми треба да се рекламира и огласува бидејќи и тие сакаат да го
помогнат, а и имаат општествена одговорност за да го поддржат постоењето на квалитетните медиуми“, посочи Чадиковски.

Појасни дека процесот на изработка на критериумите за регистарот на онлајн медиуми ќе биде инклузивен, а преку одржување консултативни средби со новинари и претставници на бизнис заедницата во Скопје, но и во поголемите градови во државата каде ЗНМ има регионални центри ќе се дојде до најквалитетните решенија.

„Во периодот кој следи сите наши членови и медиуми навремено ќе бидат информирани околу активностите што ќе бидат преземени, а исто така ќе бидат поканети активно да дадат свој придонес со цел зајакнување на медиумската саморегулација пред се во сферата на онлајн медиумите“, додаде Чадиковски.

Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева Јовевска рече дека се надеваат дека регистарот на он лајн медиуми ќе биде основа на воспоставување на соработката бидејќи на тој начин платформата на пренесување на проблемите на компаниите би била унифицирана односно застапена како единствен проблем во моментот кој го има компанијата или одредена фела.

Претседателот на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите, Катерина Синадиновска рече дека дел од нивната мисија се однесува и на намалување на тужби кон новинари, следејќи ги препораките од Стразбур и европските добри практики.

„Нашата статистика од минатата година покажува дека во 77,7 проценти од случаите кога сме имале претставки до нас тоа се однесувало на текстови кои се надвор од професионалните стандарди токму во интернет порталите. Тоа не изненадува. Тој начин на информирање, тој начин на новинарство, што не можам ни да го наречам новинарство прави огромна штета на повеќе нивоа и ја урива и така кревката доверба на граѓаните и јавноста во медиумите, креира една недолична и примитивна атмосфера на јавен дискурс каде граѓанинот го губи своето основно право да биде
информиран. Ваквото пишување се става во заштита на разни бизниси или политички центри на моќ и ја уништува онаа примарна цел на новинарството а тоа да биде слуга исклучуво на јавниот интерес“, рече Синадиновска.

Додаде дека планираат да спроведат зајакнување на Советот за етика во медиумите како тело чии членки ќе бидат препознаени како професионални во јавноста, бизнис заедницата и во новинарската фела.

актуелно медиуми Регистар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.