Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во Вашингтон имал средба со претседателот на Парламентарната група на владејачката партија ГЕРБ во бугарското Собрание и заменик-претседател на партијата Цветан Цветанов.
Џафери и Цветанов разговарале за време на политичките консултации пред официјалниот дел на Парламентарниот безбедносен форум, јави БТА повикувајќи се на соопштение на партијата ГЕРБ.
За време на средбата Цветанов го запознал Џафери со парламентарната димензија на претстојното европско претседателство на Бугарија. Цветанов посочил на важноста, што неговата земја и ја дава на европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Како што се наведува, Цветанов информирал и за ратификацијата на Договорот со Македонија од страна буграскиот парламент.
Џафери, како што стои, уверил дека иста таква процедура е отпочната и од македонска страна. Во таа насока, тој изјавил дека за двете држави претстои светла иднина, иднина на две пријателски држави.
„Нашите деца ќе живеат како пријатели и неа ќе се гордееме со тоа, изјавил Џафери.
За време на разговорот, станало збор за различни регионални иницијативи, потенцирајќи ја потребата за развивање на различни инфраструктурни проекти. И двајцата се согласиле дека развојот на заедничи економски и културни проекти е од взаемен интерес на сите народи во регионот.







