Претседателот на Собранието Талат Џафери од утре до четврток ќе претстојува во официјална посета на Швајцарската Конфедерација на покана од претседателката на Сојузниот парламент Марина Каробио Гускет.
Во состав на собраниската делегација се Џеват Адеми, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, како и пратеничките Мира Стојчевска и Павлинче Честојнова.
Во рамки на посетата предвидени се средби со Марина Каробио Гускети, со сојузниот пратеник за плурилингвизам Николета Мариолини, со претседателот на Државниот совет Жан Рене Фурниер, како и со државниот секретар на Министерството за надворешни работи Кристина Марти Ланг.
Според агендата, планирано е да има и презентација и дискусија за проектите на Дирекцијата за развој и соработка со Република Северна Македонија и со парламентарните служби.







