Се очекува законот за јазиците да стапи на сила и со тоа да се заокружи нормативниот дел што произлегува од Охридскиот договор, вели претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за „Гласот на Америка“.
Најавата на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише указот Џафери го оценува како неспроведување на уставните обврски.
„Уставот не остава можност за алтернатива дали ќе го потпише законот или не, туку тоа е обврска во согласнот на член 75 од Уставот. Моментално чекам да помине предвиденото време.
„Доколку во првиот случај предвидениот рок е седум дена, со аналогија и во овој сучај треба да е исто. А поради тоа што произлегува како обврска, и обврската нема рокови и Уставот не предвидува рокови за применување на истото. Тоа е негова обврска“, рече Џафери.







