Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери: Седницата за автентичното толкување најрано на 11 декември
Политика

Џафери: Седницата за автентичното толкување најрано на 11 декември

декември 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска до Владата и до претседателката на Законодавноправната комисија ќе достави писма со барањето од СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

Џафери изјави дека со ова ќе започне собраниската процедура за барањето за автентично толкување, но предупредува дека и ЗКП и мислењето од Владата да стасаат до него во најскусо време, пленарна седница може да се закаже дури по завршување на дебатата за Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет, по 11 декември.

Џафери вели дека иако постојат одредени дилеми во однос на барањето и членот 11 од Законот за помилување, тој е должен барањето да го проследи во натамошна процедура.

Според него, Уставниот суд, меѓу другото, треба да каже што значи неговата одлука од март 2016 година во која се наведува дека членот односно измените и дополнувањата на Законот се укинуваат.

Според Деловникот на Собранието, појаснува тој, откако ќе го достави автентичното толкување до ЗКП и до Владата, ќе се чека мислењето од Владата, по што треба да се состане Законодвано правната комисија.

Членовите на ЗКП треба да го разгледаат барањето од СДСМ и мислењето од Владата, и да се одлучат дали ќе го прифатат или не.

Доколку оцени за потребно ЗКП може да побара мислење и од Комисијата за политички систем како матично собраниско тело кое првично донело одлука законот да се донесе.

ЗКП може да расправа дури и Владата да не достави мислење.

Доколку ЗКП го прифати барањето треба да предложи формулација до Собранието, а доколку не го профати, треба да достави извештај.

И во двата случаја барањето за автентично толкување завршува пред пратениците.

Доколку има предлог – автентично толкување и заклучок од ЗКП, до почетокот на собраниската седница за предложениот текст може да се доставуваат амандмани, кои ќе се разгледуваат на седницата.

Доколку ЗКП го одбие барањето, испраќа извештај до Собранието, кое пак го прифаќа или го одбива.

И да нема и да има одлука од ЗКП, Собранието решава дали и какво автентично толкување ќе се донесе.

Во двата случаја потребно е просто мнозинство.

Во Собранието денеска пратениците, генерално, немаа официјален став по барањето бидејќи се уште не е стасано до нив.

Дел од нив имаат дилеми кои произлегуваат од одлуките на Уставниот суд и укинувањата, па повторните „оживувања“ на одредени ставови во однос на помилувањата и случајот со поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

автентичното толкување актуелно седница џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.