Утре ќе бидат објавени податоци за септемвриската инфлација во САД, што повторно ќе биде еден од показателите за американската централна банка, која оваа година остро ги затегнува каматните стапки. Во просек, овие трендови на Волстрит траат околу една година, а падот е повеќе од 30%
Индексите на Волстрит би можеле да паднат за уште 20 отсто, вели Џејми Дајмон (ЈП Морган Чејс), кој исто така верува дека САД веројатно ќе бидат во рецесија за 6-9 месеци.
Откако во петокот њујоршките берзански индекси загубија неколку отсто (по објавувањето на свежите податоци од пазарот на трудот, кои остануваат многу силни и покрај заострувањето на каматите), со црвено беше одбележан и почетокот на новата недела.
Технолошкиот Насдак падна за 1 отсто во понеделникот, по што акциите на компаниите како што е „ЕНвидиа“ главно паднаа. Насдак во вчера изгуби дополнителен процентен поен и достигна ново најниско ниво од јули 2020 година. Оваа година веќе падна за 32 проценти, а елитниот СиП 500 (во вторник -0,65%) за 24.
Аналитичарите добија одредена надеж после два дена вонреден раст на почетокот на минатата недела (СиП 500 на 3 и 4 октомври порасна вкупно 5,7, но потоа повторно почна да губи). Во компанијата Чарлс Шваб, тие напишаа дека од 1960 година, единаесет пати од четиринаесет случаи, пазарот е повисок половина година по толку висок дводневен раст.
Во моментов, опкружени со високата инфлација, зголемувањето на каматните стапки, натамошна ескалација на конфликтот во Украина и влошувањето на економските прогнози, берзите немаат сила за раст.
Освен тоа, објавувањето на американскиот индекс ЦПИ утре, може да доведе до негов пад.
Главната загриженост во моментов е поврзана со (пре)брзото заострување на монетарната политика. ФЕД повторно ќе се состане на почетокот на ноември, а огромното мнозинство предвидува дека ќе видиме уште едно зголемување од 0,75 процентни поени на стапката на федералните фондови. Очекувањата би можеле да бидат различни со утрешната објава на потрошувачката инфлација на САД за септември.
Да потсетиме, ЦПИ индексот се зголеми за 8,3 отсто на годишно ниво во август, а најавата предизвика значителна распродажба на Волстрит.
На крајот на неделата почнува сезоната за објавување на кварталните деловни резултати, како што е вообичаено во последните години, прво со најновите биланси на најголемите американски банки. Аналитичарите предвидуваат раст на акциите на СиП 500 од 4,1 отсто во третиот квартал (во споредба со истиот период минатата година), што е далеку под прогнозата од почетокот на јули (+11,1%).
Времињата дефинитивно се сменија и инвеститорите треба да се навикнат на тоа сакале-не сакале. Кога вредностите на сите инвестиции растат, како што беше типично за периодот по финансиската криза од 2008 година, лесно е да се инвестира бидејќи заработката е практично загарантирана. Но, оваа година имаше не само корекција на пазарот (што се предвидуваше долго време), туку вистински надолен тренд, а инвеститорите сега се обидуваат да го фатат „ножот што паѓа“ (популарна метафора за инвестирање кога цените одат надолу) и, се разбира, се надеваат на скорешен пресврт, кога движењата обично се многу брзи. Кога тоа ќе се случи, можеме само да претпоставуваме, сосема е извесно дека не биде за неколку месеци.
Во просек, „мечешките трендови“ на Волстрит траат околу една година, а падот е поголем од 30%. Доколку „мечката“ овој пат се држи до стандардите, пазарите ќе продолжат да „крварат“ барем до пролет, и ќе доживеат нов пад од 10 до 20 проценти.
Многу е важно колку силно ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки. Веќе некое време е јасно дека намалувањето на инфлацијата е врвен приоритет, дури и по цена на економска криза.
Чарлс Еванс, претседател на филијалата на ФЕД во Чикаго, објави дека врвот на ФЕД е единствен во ставот дека клучната каматна стапка треба да се зголеми на 4,5 отсто до март, а потоа да се остави на тоа ниво некое време.
Уште повеќе одекнаа зборовите на Џејми Димон. Шефот на ЏП Морган (JP Morgan Chase) предвидува дека американската економија наскоро ќе биде во рецесија, и таа најверојатно нема да биде толку блага како што предвидуваат некои економисти.
Спомнувајќи ги причините, тој рече:
„Ова се сериозни проблеми кои многу веројатно ќе ја турнат Америка и целиот свет во рецесија во рок од шест или девет месеци. Колку тоа ќе биде сериозно тешко е да се погоди, бидејќи многу ќе зависи од војната во Украина.
Димон додава дека берзанскиот индекс СиП 500 би можел да падне уште 20 отсто.
(Фото: Ројтерс)







