Поранешниот американски претседател Џими Картер (92) денеска е однесен во болница поради исцрпеност и дехидрираност откако учествуваше на еден хуманитарен настан во Винипег во Канада, во организација на Хабидад, пренесуваат канадските медиуми.
Хабидад во Канада гради домови за 150 семејства со ниски примањаза и на тој начин ја одбележуваат 150-годишнината од конфедерацијата на земјата.
Картер бил на сонце помагајќи да се изградат некои скали кога тој станал блед и рекол дека му е потребна пауза. Нему му била дадена вода, а потоа бил однесен во болницата „Св. Бонифејс“.

„Картер, кој беше триесет и деветиот американски претседател, беше ангажиран цела недела на хуманитарни проекти на невладината организација Хабидад, а откако дехидрираше на силното сонце е примен во болница“, соопштија од Центарот за информирање на поранешниот претседател на САД.
Телевизијата ЦБС наведе дека Картер, кој во 2015 година се лекувал од рак, делувал многу исцрпено, а потоа ја загубил свеста.







