Исламска држава потврди дека нејзиниот лидер Абу Бакр ал Багдади е убиен во нападот на американските сили на североистокот на Сирија и најави освета на САД. Портпаролот на ИД во аудио снимка која ја објави исламистичката агенција Амак се осврна на Америка.
„Осветете им се на нивната земја и на нивните браќа, на неверниците и отпадниците, спроведетеја волјата на командантот од последната аудио порака и преку крвта на многубожците приближете му се на Господ“, рече портпаролот.
Ал Багдади во пораката емитувана минатиот месец рече дека милитантите секојдневно спроведуваат акции и побара да се ослободат жените заробени во Сирија и Ирак заради наводно врски со ДАЕШ.
Исто така рече дека САД и нивните сојузници се поразени во Ирак и Авганистан, како и тоа дека Американците се „вовлечени“ во Мали и Нигер.
Багдади загина активирајќи самоубиствен елек додека бегал низ тунел од кој немало излез кога го опкружиле припадници на елитните американски специјални единици, во засолниште во сириската покраина Идлиб.
ДАЕШ го потврди и убиството на неговиот портпарол Абу ал Хасан ал Мухаџир.
(Фото: АП)







