Големото дефиле на струмичкиот карневал, траеше повеќе од четири часа, и годинава тој понуди разновидни маски, идеални креации и одлични музичко сценски настапи во 42 карневалски групи.
Околу 2.000 учесници продефилираа по струмичките улици. Ги имаше од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Германија, но и од Аруба, холандските антили кои на плоштадот организираа сумба и румба забава со струмичани. Во карневалската поворка во прв план беа струмичките карневалски групи.
Карневалот го следеа десетици илјади посетители претежно од земјава, но и од регионот.
„Со својот раскош убавина и посетеност, Струмица дефинитивно станува балканскиот Рио.
Не случајно е прогласен за еден од најдобрите зимски карневали во Европа.
„Имате одлични маски за кои се гледа дека е вложен труд, љубов и посветеност“, рекоа претставниците на европските карневалски градови од Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија.







