Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » 25 мај ден на младоста: Празник, штафета и слет (видео)
Македонија

25 мај ден на младоста: Празник, штафета и слет (видео)

мај 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југоспавија, кој се одбележуваше на 25 мај, а се прославуваше од 1945 до 1988 година.

Овој празник беше поврзан со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892-1980) и првите години се одбележуваше само како негов роденден, а во 1957 година на негова иницијатива е прогласен за Ден на младоста.

Главниот симбол на овој празник беше Штафетата на младоста, која се пренесуваше околу еден и пол месец низ целата територија на некогашна Југославија и на 25 мај му се предаваше на Тито на величествен слет, организиран на Стадионот ЈНА во Белград.

Штафетата на младоста е воведена во 1945 година, на предлог на младината на Крагуевац, како „Титова штафета“. Во носењето на првата Титова штафета учествуваа 12.500 младинци, кои претрчуваа траса долга 9.000 километри, предавајќи му ги на Тито првите девет штафетни палки и Сината книга со 15.000 потписи од младината на Шумадија. Првите штафети му се предадени во Загреб, а во следните години, се до 1956 година, Тито лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград, на што претходел свечен пречек на Плоштадот на Републиката.

Штафетата секоја година тргнуваше од различно место и до друга република, секогаш масовно пречекувана ширум некогашната Југославија.

Се до смртта на Јосип Броз Тито во 1980 година, штафетата му се доделувала лично на Стадионот ЈНА во Белград, со пригодна честитка со желби за добро здравје и долг живот, врачувана од најдобрите младинци и младинки. Штафетата на младоста во 1980 година, која на денот на смртта на Тито на 4 мај се најде токму на патот низ Хрватска, го прекина својот пат и е положена на одарот на претседателот во Собранието на СФРЈ.

Штафетата на младоста продолжи да постои и по смртта на Тито, станувајќи симбол на љубов и почит кон неговото дело.

Во 1987 година во Југославија изби скандал кога во Словенија е објавено идејно решение на љубљанското дизајнерско студио „Нов колективизам“, всушност беше сменета германска нацистичка плаката, копија од делото „Трети рајх“ на Рихард Клајн.

Дури и решението кое на крајот беше усвоено, се разликуваше од претходните штафети. Изработена е од плексиглас, со осум капки крв, кои гледано од денешна перспектива, можат да претставуваат најава за почетокот на крвопролевањето на овие
простори.

Во 1987 година последен пат на белградскиот стадион е одржана приредбата по повод Денот на младоста, а на 26 јануари 1988 година Сојузот на социјалистичката младина на Југославија го укина слетот, кој беше многу популарен.

За носители на Штафетата на младоста секогаш беа избирани „примерни младинци“, односно најдобрите ученици и студенти, млади работници, истакнати спортисти, учесници во работни акции и воопшто млади луѓе кои се истакнале со своето образование и труд.

Моќта на Тито некогаш ја одржуваше Југославија единствена под знамето на братството и единството. Денес, 40 години по смртта на Тито, се уште има македонци, Срби, Хрвати, Бошњаци и други кои себеси се опишуваат како „југоносталгичари“.

25 мај актуелно празник штафета
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.