Во село Велмеј во тек се активностите за реализација на проектот за партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите „Долни Исток”.
Предвидено е изградба на паркинг простор, поплочување на пешачки патеки, уредување на просторот пред старата воденица, озеленување на просторот, поставување на клупи и корпи за отпад и осветлување на просторот.
Со проектот се задоволуваат потребите од зголемување на просторот со зеленило, се оформува уреден паркинг простор, уреден пешачки простор и простор за одмор.
Содржините од овој проект ќе го збогатат и разубават селото и ќе допринесат за подобрување на квалитетот на животот на жителите.
За реализација на проектотот обезбедени се средства од буџетот на општина Дебрца во висина од 353.705 денари.
(Фото: OhridNews)






