Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » 33 нови екоавтобуси од МАН низ улиците на Скопје
Скопје

33 нови екоавтобуси од МАН низ улиците на Скопје

септември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градоначалникот Шилегов вчера го потпиша Договорот за набавка  на  нови 33 екоавтобуси на гас од компанијата MAN. Со потпишувањето на овој договор и официјално почнува постапката за набавка на овие автобуси коишто идната пролет ќе сообраќаат по нашите улици, со што значително ќе се подобри јавниот транспорт на патници во главниот град којшто ќе се вброи во редот европски метрополи коишто користат екоавтобуси.

– Tриесет и три нови еколошки автобуси со погон на гас ќе бидат дел од возниот парк на ЈСП. Наша заложба е креирање јавен транспорт кој е економски ефикасен и не го загадува воздухот. Набавуваме 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со поединечен капацитет од 149 патници – изјави Шилегов на потпишувањето на договорот.

Новите автобуси се во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволува стандардите за емисија на Euro 6. Овој тип на автобус во Германија ја поседува ознаката „Син ангел“ и е прогласен за екоавтобус за 2016 година во Европа.

Тој додаде дека новите автобуси се енергетско ефикасни и дека ако се направи споредба со потрошувачката на старите дизел- автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП.

– Еден екоавтобус  заштедува до 25.000 евра гориво на годишно ниво. Најголемата предност е тоа што емитуваат значително помалку ЦО2 што речиси воопшто не го загадуваат воздухот. Пред 7 години беа набавени 202 двокатни кинески автобуси на дизел, кои чинеа премногу, а се со лош квалитет.  Автобусите секојдневно се расипуваат. ЈСП има проблем со кинеските автобуси поради непостоење на овластен застапник, а со тоа нема сервисна и техничка поддршка. Новите автобуси се со поголем квалитет, двојно поголем капацитет и најважно, не загадуваат – рече Шилегов.

Градот одлуката за набавка на ваков тип автобуси ја направи по извршеното тест возење во текот минатата година кога низ Скопје пробно сообраќаа 3 различни модели на автобуси на гас и еден електричен автобус од различни производители, вклучувајќи го и автобусот од MAN којшто според патниците беше најдобро оценет и најсоодветен за јавниот сообраќај во Скопје.

– Пo собрaното искуство, почнуваме обнова на возниот парк на ЈСП. Скопје добива автобуски превоз кој нема да загадува, ќе биде енергетски ефикасен и кој во целост ќе излезе во пресрет на потребите на граѓаните кои го користат – порача Шилегов.

Градот Скопје за ЈСП ќе набави 33 нископодни MAN CNG автобуси, 21 соло и 12 зглобни коишто ќе овозможат превезување на речиси двојно повеќе патници од двокатните, ќе имаат поголем простор и комоција за движење, што ќе придонесе за побрз проток на патниците низ возилото, со повеќе врати за влез и излез, како и валидатори на предната и на задната врата

Ваков тип на екоавтобуси веќе се дел од јавниот превоз на Норвешка, Унгарија, Шпанија и Полска.

Редовното одржување на автобусите во гарантниот период од три години е една од најзначајните карактеристики на целокупната набавка. Да истакнам дека во новите автобуси ќе има можност за валидација на најмалку две места во возилото, што исто така ќе придонесе за побрз проток на патниците при влез/излез во возилото – истакна директорот на ЈСП, Кристијан Чушков.

MAN е германска компанија со мнозинска сопственост на Volkswagen. Компанијата е со седиште во Минхен, а има свои овластени преставништва нив цел свет. MAN преставува една од водечките меѓународни добавувачи на комерцијални возила и транспортни решенија во Европа.

 

автобуси ман скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

мај 14, 2026

Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици

мај 7, 2026

ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месеци

мај 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.