Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се пожалил дека не се чувствува добро откако за време на утринската молитва во џамијата Мимар Симан во Истанбул му се слошило.
Турскиот весник „Хуријет“ објави дека на Ердоган му е пружена лекарска помош откако му се слошило, а дел од медиумите објавија дека тој кратко време бил и без свест.
Ердоган рекол дека имал проблеми со крвниот притисок поради нерамнотежа на шеќерот во телото.
„Сега се чувствувам добро и ќе продолжам да работама со нашата програма,изјавил Ердоган.
Тој додал дека ќе присуствува на церемонијата во Истанбул што ја организира неговата владејачка Партија на правдата и равојот по повод завршувањето на светиот муслимански месец Рамазан.







