Џоана Кас, oд вратот нагоре изгледа како типична прабаба со бела коса и големи очила, но од вратот надолу, оваа 91-годишна жена е елитен атлетичар, пишува „Вашингтон Пост“.
„Ако си во форма, можеш да си господар на животот“, изјавила Кас, која е родена во 1925 година во Саксони, Германија, кога државата била позната како Република Веимар.
Кас го има гинисовиот рекорд за „најстар гимнастичар“.
Гимнастиката одамна станала нејзина страст. Почнала да вежба кога имала 9 години, а откако се омажила станала тренер.
Повторно почнала да се натпреварува на 56 години. Во 2012 година на нејзини 86 години прв пат е назначена за најстар гимнастичар.
За одбележување е и тоа дека Кас своевремено играла и одбојка и дека и во тој спорт бележела успеси. Во 1954 година нејзината екипа го освоила државното првенство во Источна Германија.








