Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лозарите бараат нова цена за винските сорти
Економија

Лозарите бараат нова цена за винските сорти

јули 28, 2017Updated:јули 29, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лозарите испратија повеќе барања до Владата, во кои, меѓу другото, бараат нова цена за винските сорти „вранец“ и „смедеревка“, како и обесштетување на лозарите и овоштарите што претрпеа штети од пролетниот мраз.

Федерацијата на фармерите побара цената за „вранец“ да биде 17 денари за килограм и 16 денари за килограм за винската сорта „смедеревка“.

Исто така, Федерацијата бара и договорите помеѓу откупувачите, преработувачите со лозарите да бидат склучени пред откупот за оваа година и за тоа да се врши надзор од страна на МЗШВ преку Пазарниот инспекторат за склучувањето на договорите и нивно почитување.

ФФРМ побара и обесштетување на лозарите и овоштарите што претрпеа штета од страна на пролетниот мраз за што самите фармери проценетите штети ги пријавија во своите општини.

„Токму за ваквите климатски промени кои прават големи штети во земјоделскиот сектор треба да се работи на едукација за адаптација на земјоделството на новата клима и токму една од најпогодените култури е грозјето и од суша и од мраз. Ваквите појави уште повеќе ги туркаат земјоделците во сиромаштија, затоа е потребна ефективна стратегија за адаптација на климатските промени на земјоделството на која треба да работат за нејзино изготвување и државните институтии и невладиниот сектор за земјоделство и рурален развој“, велат од ФФРМ.

Од Федерацијата велат дека и покрај тоа што има мали количини оваа година, извозот за грозје треба да биде присутен сè со цел да се влијае на реализацијата на подобар откуп за грозјето.

„За да може да се дискутираат овие актуелни состојби и проблеми, иницираме средба помеѓу здруженијата на земјоделците, каде што членуваат лозари, винарските визби, како и присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски“, велат од Федерацијата.

Оваа година лозарството се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април, кој уништи речиси 70 отсто од годинашниот род. Имено, според официјалните  статистички податоци во Република Македонија, 48.000 индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од производство на грозје и од вкупната обработлива површина во Републикка Македонија 5 отсто се лозови насади, односно 23.613 хектари, каде што најголем процент се во кавадаречкиот и во неготинскиот регион. Токму овие семејства се најпогодени од пролетниот мраз, а со години работат во загуба, каде што производната цена на винските сорти „смедеревка“ и „вранец“ се повисоки од откупната и се доцни со исплатата на откупеното грозје.

По направена анализа од страна на Федерацијата на фармерите, производната цена за винската сорта „вранец“ е 17 дененари за килограм, а за винската сорта „смедеревка“ изнесува 16 денари за килограм. Со години средната цена на винското грозје е непромената и изнесува 13 денари за винската сорта „вранец“ и 11 денари за „смедеревка“, а во некои винарски визби е и пониска. На ваков начин земјоделците работат во загуба и од некои откупувачи не им се исплаќа навреме за предадениот род.

актуелно влада лозари Љупчо Николовски МЗШВ ФФРМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.