Пејачот Влатко Илиевски е пронајден мртов во неговиот автомобил „тојота“ синоќа околу 23 часот на улицата Трета македонска бригада во Скопје.
Увид на лице место извршил јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а телото е дадено на обдукција.
Од МВР засега нема информации за причините за смртта на Илиевски.
Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година. Од 2000 до 2007 година беше дел од групата „Морал“, а во 2007-та ја започна неговата соло кариера.
Во 2011 со песната „Русинка“ ја претставуваше Македонија на Евровизија во Дизелдорф, Германија.
„Кај починатиот поп-пејач Влатко Илиевски не биле видливи траги на насилство. Возилото е запечатено и е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта“, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.









