Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда
Економија

Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда

јануари 19, 2019Updated:јануари 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најавите за предвремени парламентарни избори, што би се одржале заедно со редовните претседателски избори, ги раздвижија не само политичарите, туку и бизнисмените.

Веднаш по барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори и оставањето таква можност од страна на власта, следуваа изјави не само на политичари од земјава, туку и однадвор.

Сепак, одржувањето на нови предвремени избори не ги засега само политичарите, туку и бизнисмените, бидејќи во секој изборен циклус стагнира економијата за околу пет – шест месеци.

Стопанските комори во земјава со кои МИА контактираше се едногласни дека одржувањето предвремени избори негативно ќе влијае врз развојот на економијата и инвестициската активност на компаниите.

„Секогаш кога има изборни циклуси, доаѓа до стагнација на економијата. Изборните циклуси на секои шест месеци, со долги кампањи што им претходат, се фатални за стопанството, од причина што политичките процеси, најавените претседателски избори за годинава, а можеби и вонредни парламентарни избори, ќе потрошат речиси половина од следната година, што ќе се одрази негативно врз економијата и инвестициската активност на компаниите. Во ваква состојба не можеме да очекуваме поголема раздвиженост во поглед на приватните инвестиции, не се дискутира за економија, туку се очекуваат политички исходи. Дополнително, средствата од буџетот што се трошат на кампањи, може да се искористат за продуктивни инвестиции“, вели Александар Зарков, извршен директор на Сојузот на стопанските комори на Македонија во изјава за МИА.

Можните предвремени парламентарни избори, оценува Зарков, ќе го забават реформскиот процес и негативно ќе влијаат врз економскиот раст.

Потребна е стабилизација на политичките процеси и имплементација на структурните економски реформи како национален приоритет.

Сличен став имаат и од Стопанската комора на Северозападна Македонија од каде што истакнуваат дека бизнисот е против одржување избори бидејќи во тој период има застој на економското движење во државата.

„Нашиот апел е да се работи повеќе на економската агенда и добро е што Владата ја има назначено 2019 како година на економијата. Со оглед на фактот дека проблематичните инфраструктурини проекти веќе се решени, се надеваме дека економскиот раст ќе биде позитивен во рамки на тоа што е предвидено од страна на Владата“, вели извршниот директор на комората Дрилон Исени

Од Стопанската комора на Македонија препорачуваат доколку мора да се одржат избори, тогаш кампањите да бидат кратки и концентрирани.

„Бизнисот полека да си го заземе своето место и непречено, надвор од политичките процеси да си ги врши своите работи и да се држи до своите надлежности, а политичарите да му остават простор тоа да го направи, бидејќи тоа е и во наш интерес и во интерес на државата, истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија“, Бранко Азевски, во изјава дадена неделава во Скопје.

Од друга страна, министрите од економскиот сектор во Владата велат дека распишувањето предвремени избори е политичка одлука, но напоменуваат дека сите избори влијаат негативно врз економијата бидејќи во тој период на некој начин целата држава е посветена на изборните процеси.

„Има два момента како изборите влијаат на економијата. Првиот момент е што админстрацијата на некој начин забавува или престанува да работи бидејќи дел од луѓето кои ги водат институциите се посветуваат на избори, а и согласно законите во Македонија многу активности не можат да се прават. Не можат да се склучуваат нови договори, концесии, не може да се доделува земјиште и сето тоа прави застој во работењето. Тоа е реалниот аспект на негативното влијание на изборите врз економијата, меѓутоа има и психолошки аспект. Пред секои избори, секој инвеститор не знае што ќе се случи по изборите и вели „да почекам да видам што ќе се случи и после ќе ги носам одлуките за инвестиции“. Колку и да не сакаме, во мала држава, политичките влијанија и амбиентот што се создава и тоа како влијаат врз економските аспекти. Така што, кратко кажано, сите избори негативно влијаат врз економијата“, потенцира вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во интервјуто за МИА што подоцна ќе биде објавено.

Неодамна и министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарски прашања рече дека мала економија како нашата не може да има избори секоја година.

Останува да се види како ќе се одвиваат работите на политичката сцена идали 2019 ќе биде година посветена на економијата како што е најавено.

актуелно бизнис економија избори Стопанска комора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.