80 птици грабливци „летаа“ во прва класа

На популарната социјална мрежа „Редит“ се појави фотографија од авион во кој, покрај луѓе, се и птици грабливци.
Како што пишува британскиот „Телеграф“, еден принц од Саудиска Арабија изнајмил авион од компанијата „Катар ервејс“, за да превезе 80 соколи.

Ваква услуга на Блискиот исток е сосема вообичаена работа, затоа што птиците често се транспортираат за да учествуваат во лов.

Тие, главно „патуваат“ во економска класа, по цени кои варираат од 135 до 630 долари, во зависност од дестинацијата.

Исто така, соколите, кои се сметаат за еден од симболите на Соединетите Арапски Емирати, имаат право на свои пасоши кои имаат важност од три години.