Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање
Во Фокусот

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

октомври 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во
Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа е забележано зголемување на бројот на новозаразените.

Четиристотини и четири новозаболени од Ковид -19 се регистрирани вчера во земјава.

Вчера биле направени 1524 тестирања, починати се 14 лица, сите биле хоспитализирани.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 182 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26 394, бројката на оздравени пациенти е 18 430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека покрај капацитетите во другите градови и болниците во Скопје се преполнуваат со ковид-пациенти, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје.

„Заради исполнетите капацитети за сместување на ковид-пациенти во целосна координација сме за префрлање на пациенти од штипската болница во Кочани, а во Струмица, разговаравме за тоа како да се надополни кадарот, пред се, од колегите од интерна медицина и инфективното одеделение. Разговаравме и како постепено да се
подготви и новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород и за неколку денови може да биде ставено во функција“, рече министерот за здравство за време на вчерашната посета на Струмица.

Истакна дека во новото болничко крило има стотина кревети, но треба соодветно да се распредели кадарот.

„Притисокот е навистина голем и искрено се надевам мерките кои ги препорачавме ќе придонесат да се намали трансмисијата на вирусот. Гледаме дека во цела Европа се преполнуваат практично болничките капацитети. Тоа е што сите земји сакаме да го избегнеме. Тоа беше разговарано на состанокот пред два дена во рамки на Берлинскиот процес чија цел е да се избегнат целосните „лок дауни“,подвлече
Филипче.

Информираше дека и болниците во Скопје се преполнуваат со ковид пациенти, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје.

„Се прават подотовки за болницата во Козле и дополнитени капацитети во болницата „Осми Септември“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Уште еднаш потенцираше дека сегашните мерки, кои сега се на сила, имаат за цел да лимитираат некаква форма на полициски час, односно лимитирање на контактите, носење на маски и избегнување на групирање.

Според вчерашниот билтен на Министерството за здравство на Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 134 пациенти.

На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и осум позитивни мајки, две мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“  вкупно хоспитализирани се 46 пациенти.

На респиратор се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Заради зајакнување на капацититети веќе е најавено поставување на 16 мини Ковид одделенија.

Дел од заемот од Светската банка, наметен за зајакнување на здравствениот систем, кој изнесува 34 милиони долари, ќе се искористи токму за овие 16 мини Ковид одделенија до сите болници, каде што е идентификувана потреба, како и за опремување со медицинска опрема на секој од овие Ковид центри со мобилен рендген
апарат, ЕХО-апарати и за соодветен број на тестови.

Филипче најави и дека се зголемуваат и термините, но и бројот на тестови за Ковид-19.

Дадена е насока во сите лаборатории за време викендот да има дополнителни термини и да нема намалување на бројот на тестирања.

Директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов вчера во интервју за МИА во однос на забелешките изминатиот период дека нема доволно термини за тестирање и дека граѓаните чекаат по една недела и повеќе посочи дека според протоколот за тестирање контактите на позитивните случаи се ставаат во изолација 14 дена и ако во овој период пројават симптоми тогаш се тестираат и без разлика на
резултатот, поради продолжената инкубација, продолжуваат со изолација, додека позитивниот случај останува во изолација 10 дена.

„Во овој период ако остане без клинички знаци за болест, 11-от ден е слободен. Но, ако во овој период се појават одредени клинички симптоми останува во изолација уште 10 дена, со тоа што последните три дена не треба да има никакви знаци и потоа е слободен. Овие протоколи се ускладени со СЗО, ЦДЦ, МАНУ и искуствата од многу
други земји“, додава тој.

Во врска со тоа дали во земјава има доволно кадар да ги спроведуваат тестирањата Стојанов нагласува дека медицинскиот кадар кој работи во лабораториите и останатите во здравствениот сектор никогаш не се доволни.

„И здравствените работници се разболуваат, имаат разни здравствени проблеми, жените забременуваат, апаратите се расипуваат, се сервисираат и сето ова ја усложнува работата и издавањето на резултатите. Затоа се апелите да се почитуваат мерките да не се оптерети премногу здравствениот систем за да може да одговори на
сите барања“, нагласи Стојанов за МИА.

Вели зголемениот број лица со индикации за тестирање го зголемува и времето на чекање затоа што немаме неограничени капацитети, но додека да се тестира сомнителниот пациент и додека да се добие резултат, потребно е да останат во самоизолација поради секоја сигурност.

Додава и дека брзите тестови се тука, ќе се прават по поединечна индикација.

актуелно болнички капацитети Ковид-19 тестирање филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.