Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Продолжуваат разговорите помеѓу Скопје и Софија
Македонија

Продолжуваат разговорите помеѓу Скопје и Софија

декември 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Додека трае дводневната средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, властите во Скопје со пораки дека разговорите со Бугарија ќе продолжат и покрај најавеното бугарско вето за старт на преговорите за членство на земјава со ЕУ, а научната заедница и МПЦ со порака дијалогот со Софија да се води на рамноправна и принципиелна основа, со почитување на меѓународното право и сознанијата на науката.

Македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања вчера ја започна дводневната средба посветена на содржината во македонските учебници по историја за средновековниот и раноосманлискиот период, откако препораките за бугарските учебници за овие периоди беа разгледувани и усвоени на претходната средба. Тема на разговор на средбата, која се одржува онлајн поради состојбата со Ковид-19, е и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.

Премиерот Зоран Заев вчера од Неготино порача дека работата на Комисијата се одвива во пријателска атмосфера, што го оцени како сигнал дека сите се трудат да биде постигнат напредок. Тој изрази уверување дека многу брзо ќе има и решенија, преку кои, како што рече, ќе го градиме заедничкото пријателство на двете земји.

Заев притоа потенцира дека никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. – Нашиот јазик е признат во светот и ние сме Македонци и такви, како пријатели на Република Бугарија и бугарскиот народ, треба да продолжиме да го градиме пријателството, изјави Заев.

Според него, само со почит едни кон други можеме да постигнуваме договори кои ќе градат перспективи и пријателства.

Тој посочи дека разговорите треба да продолжат без разлика на исходот од средбите на ниво на ЕУ на 10 или 18 декември, на кои треба да се донесе одлуката за усвојување на преговарачката рамка на Унијата со земјава.

– Стратегија на државата е дека треба да продолжиме да разговараме. Во најмала рака да создаваме атмосфера и да отстрануваме пречки за следното лето, но ако може тоа да го постигнеме и сега, би требало да правиме максимални напори до последниот момент. Патот е тој и ќе продолжиме по него да чекориме, со очекување што побрзо да ги отвориме поглавјата, изјави Заев.

Тој додаде дека специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, а оти преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, порача дека решението со Бугарија е во Договорот за добрососедство.

– Кога двете страни ќе се уверат дека решението е во Договорот, мислам дека се друго ќе дојде на свое место. Преку создавање акциски план договорот ќе има предвидливост, со цел да испорача. Никој не бега од обврските од Договорот, изјави Османи, додавајќи дека целта е да се врати довербата во процесот, да се надминат различните толкувања и да се најдат точки на зближување и на заедничко одбележување на историски настани и фигури.

Според него, поголема штета е да се дозволи да исчезне довербата во Договорот, бидејќи во спротивно би се вратиле во ситуација на односи без рамка, кои ги имавме 30 години и видовме какви беа резултатите.

Во врска со очекувањата од средбата на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, Османи нагласи дека има простор да се оди понатаму во изнаоѓање решенија за темите и личностите кои се предмет на разговор од страна на Комисијата и оти би било штета доколку се пропушти ова досегашно приближување во погледите кон одредени историски настани и фигури.

Тој е дециден дека кај други земји членки на ЕУ нема дилеми во однос на преговарачката рамка и заклучоците за земјава, а во однос на изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека земјава „треба да и излезе во пресрет на Бугарија за загриженостите што ги има“, шефот на дипломатијата порача дека е погрешно да очекуваме дека Комисијата може да има симетричен однос кон земја членка и кон земја кандидатка.

– И тоа не само Комисијата, туку која било друга земја членка. Целта зошто се бориме да станеме земја членка е токму тоа за да имаме симетричен однос кон нас и од Комисијата и од другите земји членки, додаде Османи.

Во врска со преговорите со Бугарија вчера со заеднички меморандум наречен „Македонски манифест“ се огласија на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Сцети Кирули и Методиј“ (УКИМ).

Во документот тие изразуваат загриженост за исходот од развојот на настаните поврзани со евроинтеграцијата на нашата држава, условени од, како што велат, апсурдните барања на Република Бугарија, а убедени во фактот дека ги исполнуваме потребните предуслови за отпочнување на преговорите за евроинтеграција. Ги повикуваат и охрабруваат властите, медиумите, научните, културните и уметничките институции и здруженија, политичките партии, како и сите граѓани, преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.

– Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет; да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности; и да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, се наведува во Меморандумот.

МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ апелираат „процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите, да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи; да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност; да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската Република, да живеат во цивилизирани добрососедски односи и да се продолжи практиката на соработка меѓу културните, научните, образовните, религиските и економските институции; и да не се создава конфликтен амбиент во државата, да се сочува мирот и слободниот развиток кој подразбира просперитет, алтернатива, демократија и достоинствен живот, вклучително и љубов кон сопствената татковина и држава“.

Со изјава вчера се огласи и Партијата на европските социјалисти (ПЕС), која изрази разочаруавње поради бугарската блокада на стартот на преговорите за членство Северна Македонија во ЕУ, порачувајќи дека политичката мудрост на двете земји е ставена на тест.

– Само јазикот на соработка и целосно разбирање на долгорочните перспективи на регионот можат успешно да ја надминат оваа пречка, се наведува во изјавата на Претседателството на ПЕС за состојбата во процесот на пристапните преговори.

Во реакцијата се истакнува дека европските социјалисти и демократи секогаш биле поддржувачи на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан и се поздравуваат одлуката на Европскиот совет за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија донесена во март оваа година и претставувањето на нацрт-рамката за преговори во јули.

– ПЕС изразува надеж дека преку рамноправен и суштински дијалог помеѓу Бугарија и Северна Македонија ќе се најде решение во корист на двете земји. Премиерот на Северна Македонија, Зоран Зеав продолжува да демонстрира храброст и лидерство додека бара начин да се излезе од ќор-сокакот, давајќи го првиот сигнал дека е можен ваков суштински дијалог. Брзиот почеток на пристапните преговори позитивно ќе влијае на долгорочните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и на целиот регион на Западниот Балкан. Време е сите да се однесуваат одговорно и мудро, водени од визијата за заедничка европска иднина, се наведува во изјавата на ПЕС.

Бриселскиот портал „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година оцени дека еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија,

– Блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија, поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП (Европската народна парија) не беше доволно цврста кон бугарскиот премиер Бојко Борисов, пишува „Политико“.

Според анализата на „Политико“, сепак, клучен играч за остранување на блокадата меѓу Бугарија и Северна Македонија е германското претседателство, а не Вархеји.

актуелно историќари напорна работа продолжување разговори скопје софија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.