Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бремените ослободени од работни обврски до завршување на пандемијата, последното деноноќие нови 592 случаи на Ковид-19
Во Фокусот

Бремените ослободени од работни обврски до завршување на пандемијата, последното деноноќие нови 592 случаи на Ковид-19

декември 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бремените жени не се враќаат со физичко присуство на работа и по 31 декември

Тие се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство се до завршување на пандемијата со Ковид 19.

Бројките на новозаразени според последните објавени извештаи говорат за приближни бројки на новозаразени и оздравени.

Во билтенот вчера беа регистрирани 592 нови случаи, 691 оздравен, во болички услови се лекуваат 613, а во последниот ден починале 21 лице.

Информацијата за ослободување на бремените жени од Владата ја објавија по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година.

„Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 4 ноември 2020 година“, велат од Владата.

Последните бројки на новозаразени и оздравени беа скоро изедначени, односно од 2206 направени тестови вчера позитивни биле 592 лица, додека во исто време како оздравени се регистрирани 691 лице.

Од новозаболените 259 се од Скопје по што следат Кавадарци со 35, Куманово-31, Прилеп-30, Охрид-28, Битола-24, Струга и Гостивар по 21, Тетово-18, Велес-17, Струмица и Неготино по 12,…. Како последица од Ковид-19 според МЗ вчера починаа 21 лицe.

Во ковид-центрите низ Скопје, според вчерашните податоци на Министерството за здравство, се хоспитализирани 613 лица сомнителни и потврдени со Ковид -19.

Од Министерството посочуваат дека има слободни легла на ковид одделенијата.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Од Министерството за здравство соопштија дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80407, бројката на оздравени пациенти е 57434, на починати е 2375, а бројот на активни случаи изнесува 20598.

Се бара решавање на статусот на младите лекари со трајно вработување за притавните млади специјализанти кои работат во Ковид-центрите во Клиничкиот центар.

Ова, како што соопшти Министерството за здравство, било тема на средбата на министерот Венко Филипче со претставници на приватните млади специјализанти, а со кои разговорите ќе продолжат на следниот состанок закажан за наредната недела.

„Инвестирањето во младите е најважно, зашто тие се иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е учеството на младите здравствени работници. Наша цел е да го решиме статусот на младите лекари со трајно вработување“, истакна Филипче.

актуелно бремени Ковид-19 пандемија работни обврски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.