Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
  • Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
  • Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона
  • Германија привремено се враќа на јаглен и нафта
  • „Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство
  • Кривична пријава поднесена против насилникот од Охрид, осомничен за напад на својата девојка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Струмички Марко Цепенков половина век неуморно ја собира народната мудрост
Култура

Струмички Марко Цепенков половина век неуморно ја собира народната мудрост

декември 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со промоцијата на последната, тринаесетта книга насловена како „Араптази“, пензионираниот професор по македонски јазик Иван Котев (80) од Струмица одбележа половина век макотрпно собирање, дешифрирање, средување и печатење на вековната народна мудрост.

Првата песна ја запишал на 13 јануари 1970 година во селото Босилово.

Неа му ја пеел Тодор Митов Донев.

Првата приказна ја запишал во 1971 година во селото Дражево, а му ја раскажала Ѓурга Ѓузелова.

За себе вели дека не се чувствува како Марко Цепенков, туку како Иван Котев, но признава дека Цепенков му е идол.

Ги додава и браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев и други кои го дале и својот живот собирајќи народни умотворби, кои, според него, се показ и доказ за духот на нашиот народ.

Во својата последна книга ги собрал македонските народни волшебни приказни исклучиво од Струмица и Струмичко.

„Тоа се оригинални приказни запишани лично од мене и нема позајмување од други извори. Книга со приказни во која се содржат оригинални мотиви од кои некои дури ги нема и во светската литература. Јас сум многу среќен што ја промовирав мојата книга „Араптази“ која содржи 96 приказни на 530 страници и ќе претставува едно убаво свежо и навистина корисно четиво и за децата и за возрасните“, вели Котев.

Книгата ја промовираше д-р Ана Витанова Рингачева, која истакна дека јазикот и книжевноста имаат своја меморија и дека го памтат сето она што е заборавено во секојдневниот живот.

„Со оваа книга на нашиот Иван Котев, македонската фолклористика добива референца, која на виделина ги вади блескавите бесценетости кои ги крие струмичката почва. Заради зачуваниот автохтон убав струмички дијалект оваа книга е навистина грамадна. Затоа, „Араптази“ ја ставам во редот на најголемите потфати на македонската современа наука“, рече Витанова Рингачева.

Котев смета дека не е лесна работа да се напише една книга и бара макотрпна работа и залагање, но потешко е издавањето на собраните материјали.

„Оваа година ако је немав помошта од директорот на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, Ванчо Ристов Патриков, веројатно немаше ништо да издадам. Пет години по ред барам средства од Министерството за култура, но сум одбиван со образложение дека не препознале национален интерес, а во приказните нема ниту нации, ниту држави, ниту имиња на главните актери. Тешко е да се издаде, но, ете, ако човек е трпелив, тактичен, ако работи, тогаш успехот на крајот се наградува“, објаснува професорот Котев.

Нема спонзори за издавање на своето творештво, бидејќи, како што вели не знае да ги бара, но најважно е да има интерес за зачувување на македонското народно творештво.

„Тоа е капитална работа, на која нашите политичари и научници треба да посветат посебно внимание, бидејќи народното творештво и фолклорот е рожба на народниот дух, на нашиот народ од сите слоеви. Приказните се кажувани во овчарските колиби, по планините, на нивите во полето, во царските палати, во трговските центри, секаде кадешто се нашол човек кој знае да раскаже приказна. Тие се кажувале и се пренесувале од колено на колено и така допреа до нас за да ги ставиме меѓу кориците и да останат во аманет на нашите деца, внуци и правнуци. Да знаат дека оваа земја
имала раскошни духови, имала паметни луѓе, кои знаеле да напишат, кои знаеле да кажат и да прераскажат. Тоа е голема работа. Секој не знае да раскажува приказни, бидејќи тоа е една вистинска уметност“, подвлекува Котев.

Со последната објавена книга не ја завршил својата мисија. Има уштемногу за објавување.

„Имам уште 200 приказни, илјада песни и над 20 илјади поговорки и пословици, кои чекаат да бидат ставени на показ пред јавноста. Тоа е едно огромно богатство, кое треба да се објави. Сега работам на народните љубовни песни од Струмица и Струмичко, кои се исто така во голем број. Работам и на поговорки и пословици, кои ќе бидат втор дел од делото „Мудроста на вековите“. Имам песни за и празниците и обичаите. Имам материјал, имам работа за уште најмалку три книги. Подготвена ми е книгата со песни од Првата светска војна. Иако е мала книгата и не треба поголеми средства, но ете не стигнувам да ја објавам“, рече на крајот неуморниот собирач на народната мудрост.

Круната на своето полувековно творештво ја очекува идната година во мај, кога треба да се одржи симпозиум по повод неговата педесетгодишна собирачка дејност.

Дотогаш модерниот струмички Марко Цепенков продолжува со полна сила да го собира големото народно творештво и да го чува за идните генерации.

 

ИЗВОР: МИА
Ристо Тасев

Иван Котев народна мудрост
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.