Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Против Ковид-19 и со лекот Ивермектин, првите вакцини најавени за крајот на месецов
Градови

Против Ковид-19 и со лекот Ивермектин, првите вакцини најавени за крајот на месецов

јануари 12, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се намалува бројот на заболени пациенти од Ковид-19 во земјава. Надлежните се надеваат дека овој тренд на опаѓање ќе продолжи, а за крајот на јануари ги очекуваат и првите дози на вакцини. Веќе од денеска во аптеките ќе биде достапен лекот Ивермектин кој помага во лекување на овој вирус.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани вчера информираше дека лекот Ивермектин е стигнат во земјава. Токму денеска се очекува да биде достапен за продажба. Лекот се користи за лекување на заболени од Ковид-19, цената ќе изнесува околу 300 денари.

Овој лек претходно ги помина сите фази во Министерството за здравство и во МАЛМЕД. Ќе се издава на рецепт од страна на матичните лекари и во болнички услови.

-Студиите покажаа дека Ивермектинот се дава на три групи граѓани и тоа, кај ризичните групи на работници, кои имаат висок ризик да заболат, потоа на луѓе, кои биле во контакт со заболен и на заболени пациенти. И кај трите групи има различни индикации, различно дозирање и затоа е потребно давањето на лекот да биде под контрола на лекар, изјави министерот за здравство, Венко Филипче минатата недела.

И вакцините се очекува наскоро да пристигнат. Властите се оптимисти и веруваат дека првите дози на вакцини преку Ковакс механизмот ќе може да ги имаме кон крајот на јануари или почетокот на февруари.

Станува збор за вакцината на „Фајзер“, а следната која доаѓа предвид е вакцината на „АстраЗенека“.

Сепак, освен најава дека е можно да стигне одредена количина на крајот на јануари или почетокот на февруари, нема најава за точна количина.

Вкупно, преку Ковакс-механизмот во земјава треба да пристигнат 833 илјади дози вакцини за над 400 илјади граѓани.

Според Филипче, како резултат на директните преговори со компанијата „Фајзер“ дополнително се очекуваат околу 800 илјади дози, а дел се очекува и од солидарниот механизам – отстапување одреден процент од вакцините што ги набавуваат земјите членки на ЕУ.

Со вакцините кои треба да пристигнат од сите механизми ќе бидат вакцинирани 1,2 милион граѓани во земјава, поточно 60 проценти од населението. Очекувањата на здравствените власти се дека со нив треба да се постигне колективен имунитет.

Дел од државите од регионот, кои се членки на Европската Унија, веќе почнаа со вакцинација. Грција, Словенија и Хрватска почнаа со вакцинирање на 27 декември.

Во соседната Грција веќе активно се вакцинира голем дел од населението. Во текот на овој месец се очекува Грција да добие 424.624 дози, односно 212.312 вакцини.

Целта на грчката Влада е до јуни да ја постигнат посакуваната вакцинација на 70 отсто од населението, а со тоа да се постигне и имунитет.

Надлежните таму уверуваат дека вакцинацијата во земјава напредува со задоволително темпо, методично, безбедно и транспарентно.

Што се однесува до Албанија, таму вчера пристигна првата доза на вакцина. Меѓу првите се вакцинираше премиерот Еди Рама.

Први што ќе се вакцинираат во Албанија се здравствените работници, а премиерот Рама изјави дека ова го прави во знак на сенсибилизација за сите скептици.

Државата располага со 975 дози вакцини добиени од пријателска земја која не сакала нејзиното име да биде јавно соопштено. Надлежните очекуваат уште две илјади, а на почетокот на следната недела ќе пристигнат 10.750 дози вакцина од Фајзер.

Во Србија од вчера почна пријавувањето на граѓаните за вакцинација, која се врши електронски преку порталот Е-управа, а од четврток тоа ќе можат да го направат и преку телефонско закажување.

Кризните мерки во оваа соседна држава, и натаму остануваат во сила. Мерките за влез остануваат со задолжителниот негативен ПЦТ тест за странските државјани или изолација до негативен тест за српските државјани.

Работното време на угостителските објекти останува до 20 часот, а на продавницата до 21 часот.

Во сила во Србија остануваат и претходно утврдените мерки, забрана за собирање на повеќе од пет лица, како и носењето маски во затворени простории.

Здравствените експерти пак оценуваат дека годинава светот нема да го постигне колективниот имунитет од коронавирусот. Тие сметаат дека програмите за вакцинација во текот на оваа година нема да обезбедат колективен имунитет од светската пандемија, а причините за тоа лежат пред се во ограничениот пристап на вакцините до сиромашните земји, проблемите со довербата во одредени заедници и потенцијалните мутации на вирусот.

Дејл Фишер, шеф на Глобалната мрежа за предупредување и одговор на епидемиите, координирана од Светската здравствена организација, смета дека во скоро време нема да се вратиме во нормала.

-Знаеме дека треба да добиеме колективен имунитет и тоа ни треба во повеќето земји, така што тоа нема да се случи во 2021 година, оцени Фишер.

Тој заклучува дека можеби постојат некои земји што може да го постигнат тоа. Сепак, и тогаш ситуацијата нема да биде нормална, особено во однос на контролата на границата.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 104 случаи на Ковид-10 во земјава. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава е 86 597.

актуелно вакцини ивермектин Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.