Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бектеши: Поддршката на стопанството за надминување на штетите од пандемијата е наш приоритет
Економија

Бектеши: Поддршката на стопанството за надминување на штетите од пандемијата е наш приоритет

јануари 18, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Главниот предизвик што ги одбележа првите 100 дена од работата на Министерството за економија беше справувањето со негативните ефекти врз стопанството предизвикани од светската пандемија со КОВИД-19.  За таа цел го реорганизиравме работењето на Министерството за економија и обезбедивме целосна посветеност за поддршка на сите сектори за успешно надминување на проблемите кои што ги предизвика пандемијата. Веднаш со почетокот на новиот мандат почнавме со реализација на Четвртиот сет економски мерки за поддршка на економијата со што обезбедивме директна финансиска поддршка за туристичкиот сектор, за компаниите од услужните дејности и за организирање настани како свадби, за занаетчиите, но и за компаниите кои што и покрај пандемијата инвестираа во подобрување на својата конкурентност“ кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција посветена на 100 дена Влада.

Министерот информираше дека како дел од мерките кои што ги реализира Министерството за економија од почетокот на новиот мандат е потпишувањето на нови договори со 39 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 56 милиони евра од Законот за за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година.

“Нашата цел е во првата половина од следната година да направиме измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите преку кој се реалиизра Планот за економски раст со кои што ќе се дополни и прошири опфатот на компании и проектите кои што ќе бидат поддржани. Целта е да им излеземе во пресрет на компаниите да инвестираат во својот раст и развој што ќе значи отварање на нови работни места, но и нови странски пазари“ потенцираше министерот.

Бектеши информираше за реализацијата на мерката за финансиска поддршка на компаниите кои инвестирале за време и пост -ковид периодот со која се поддржаа 400 компании со 17,3 милиони евра директна државна помош како дел од мерките на Владата за справувањето со негативните последици од пандемијата.

Сепак како што нотираше Бектеши фокус на работењето на Министерството за економија во овие први 100 дена беше поддршката на туристичко-угостителскиот сектор кој беше најпогоден од ковид-кризата..

„Во првите 100 дена од работењето Министерството за економија реалиизраше пет мерки за поддршка на овој сектор за што се исплатени 212 милиони денари. Како резлутат на нивната реализација, вкупно 214 физички и правни лица добија  58 милиони денари за поврат на туристичка такса. Вкупно 276 туристички агенции добија грантови и беа поддржани со вкупно 79,6 милиони денари. Вкупно 81 игротека добија грантови во вкупна вредност од 13,2 милиони денари. Грантови добија 132 ресторани за организирање на свадби за што беше исплатена директна државна помош од вкупно 54,5 милиони денари. Беа поддржани 78 туристички водичи со вкупна вредност на поддршката од 5 милиони денари, кажа Бектеши и додаде дека до крајниот рок 15 декември се искористени 64.675  ваучери за  домашен туризам за што беа исплатени околу 400 милиони денари државна помош директно кај сместувачките капацитети во земјата.

Министерот информираше дека во првите 100 дена како дел од мерките за справување со ковид кризата во рамки на Министерството за економија е реализирана мерката за кофинансирање на трошоците за алати и репороматеријали кај занаетчиите за што се поддржани  225 занаетчии со 8,8 милиони денари.

„Како дел од проектите на кои ќе се фокусираме во наредниот период е дополнително олеснување на условите за водење бизнис. Во таа насока, веќе е започната постапката за законски измени со кои се овозможува основање на фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Важно е да се спомене дека во наредниот од почетокот на следната година ќе направиме измени на Законот за трговски друштва со кои ќе се воведе можност за примена на конвертабилниот заем кај Друштва со ограничена одговрност (ДОО) со што ќе се создадат создадат можности за развој  на нов пристап до финансии за старт -ап компаниите односно инвестиици од страна на бизнис ангели“ кажа Бектеши и додаде дека во делот на поттикнување на иновативноста во првите шест месеци следната година ќе стартува и „Старт-ап селото“ за отварање на старт-ап бизниси.

“Во делот на поддршка на компаниите во првите шест месеци следната година ќе бидат објавени сите јавни повици од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за што е обезбедена рекордна финансиска поддршка од 68,8 милиони денари за поддршка на микро, малите и средни претпријатија, за занаетчиството, индустријата и за поддршка на претприемништвото“ потенцираше министерот.

Во делот на енергетиката министерот информираше дека во првите 100 дена од новиот мандат пуштена е во употреба првата фотонапонска централа на приватно земјиште од јавниот повик кој го објави Министерството за економија и најави дека во првиот квартал следната година ќе биде објавен уште еден тендер за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски централи изградени на приватно земјиште.

„Приоритет во првите шест месеци во делот на енергетиката ќе биде и реализација на сите јавни повици од Програмата за енергетска ефикасност за што оваа година е предвидена поддршка за субвенции за печки на пелети и зголемување на енергетска ефикасност преку доделување на субвенции за вградување на ПВЦ прозорци и сончеви колектори. За оваа поддршка се предвидени вкупно 52 милиони денари од Буџетот на Министерството за економија“ кажа министерот Бектеши.

 

актуелно бектеши надминување пандемија поддршка стопанство штети
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.