Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Предвремени парламентарни избори и одложување на пописот ќе нема
Македонија

Предвремени парламентарни избори и одложување на пописот ќе нема

февруари 16, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентарни избори заедно со локалните, а за пописот вели дека дефинитивно ќе се спроведе од 1 до 21 април и оти дебатата во таа смисла е завршена.

Според него, доста беше од водење дебати за пописот девет години. Какви и да биле коментарите за евентуално одожување или не, смета тој, тие завршија.

„Доста беше дебатирање, дајте да седнеме и да го завршиме тој попис, затоа што, ниту ќе смени нешто политички во државата, ниту ќе скрати, ниту ќе дополни одредени предности, правила, привилегии или било што“, повика вчера Заев, нагласувајќи дека пописот ќе даде статистички податоци како статистичка операција, кои што ни се важни за идното планирање во државата.

Премиерот ги повика сите чинители во општеството–политичките партии, граѓанските организации, коморите, синдикатите и граѓаните, сите сериозно да пристапат кон оваа статистичка операција.

И за барањата на опозицијата да се одржат предвремени парламентарни
избори заедно со локалните наесен, тој е дециден дека такво нешто нема
да се случи. Парламентарно мнозинство за одлука за предвремени
парламентарни избори, според Заев нема. Доколку постои, го повика
лидерот на опизициската ВМРО-ДПМНЕ да го покаже.

„Бевме на избори, прифативме предвремени парламентарни избори на барање на опозицијата, утврдивме евроатлантска агенда, завршија изборите и изгуби ВМРО-ДПМНЕ. И сега повторно да одиме на парламентарни избори, зошто, заради тоа што така Мицковски мисли. Не. Нема потреба да одиме, нема прични зошто да одиме. Треба да одбработиме“, рече Заев.

Убеден е дека ќе го задржи мнозинството од 62 пратеника во Парламентот и оти поради, како што вели, исправните политики, тоа може да се зголемува, а не да се намалува.

Опозицијата, пак, не се откажува од барањата за предвремени избори и одложување на пописот. Тврдат дека предвремени парламентарни избори се неопходни и логични како од политички така и од економски причини.

„Во Собранието се гледа дека има одредени прегрупирања, има одредени сигнали на парламентарни групи, но и на поединци кои не се задоволни од актуелната власт. Премногу било ветувано, а премалку било реализирано и кон нив“, изјави вчера пратеникот и член на ИК на ВМРО0-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

За пописот, пак, најави дека неделава ќе почнат да собираат потписи за, како што вели, да го спречат обидот за пописен фалисфикат. Кога ќе проценат дека се собрани доволно потписи, ќе поднесат предлог–закон против сегашниот Закон за попис кој што, според него, е политизиран.

„Заев тера една агенда која што очигледно е политичка, етничка и се работи за договорени проценти за кој што зборуваат претставниците на власта. Тоа е многу неразумно во ваква ситуација кога Германија, Бугарија, Србија, Косово Шкотска, Чешка и многу други земји го одлагаат пописот пред се од интерес на здравјето на граѓаните, на здравјето на попишувачите, на здравјето на тие кои треба да се попишуваат. Сметаме дека такво нешто ќе биде само на штета на државата и граѓаните“, рече Милошоски.

актуелно парламентарни избори попис
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.