Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Саиф ал-Адел е нов лидер на Ал Каеда
СВЕТ

Саиф ал-Адел е нов лидер на Ал Каеда

февруари 25, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Терористичката организација Ал Каеда се подготвува повторно да стане најголемата закана за светот, како што беше за време на нападите врз Њујорк од 11 септември 2001 година. Нов лидер на организацијата е немилосрдниот Саиф ал-Адел, наречен „меч на одмаздата“, за кого разузнавачките агенции тврдат дека е полош дури и од Осама бин Ладен, поранешниот лидер на Ал Каеда.

„Крволочниот Саиф ал-Адел регрутира борци на Исламска држава и предизвикува страв од ѕверства низ целиот Запад. Ал-Адел (60) е поранешен египетски генерал за кого се верува дека е генијален и немилосрден стратег и дека го презема раководството на организацијата од Ајман Завахири“, пишува британскиот весник „Мирор“.

Висок британски експерт за антитероризам за весникот изјави дека, во споредба со Завахири, „Ал-Адел е многу поефикасен лидер, барем е еднаков со Осама бин Ладен, ако не и поопасен од него“.

Гласините дека Завахири најверојатно е мртов значат дека западните разузнавачи ќе мора да внимаваат на реорганизација на Ал Каеда, со оглед на тоа што Саиф, кој има база во Иран, е новиот шеф, наведува Мирор.

„Британските и американските шпиони со години ги следат потезите на Саиф, бидејќи тој беше вмешан во секој напад на Ал Каеда во последните три децении“, се додава во текстот.

Египетскиот џихадистички ветеран Ајман Завахири го презеде лидерството врз Ал Каеда по убиството на Бин Ладен во 2011 година, но од него ништо не се слушна со години.

Поранешниот експерт за борба против тероризмот на ФБИ, Али Суфан, напиша дека Саиф може да биде „третиот емир на Ал Каеда“ со тридецениски пат во оваа терористичка организација.

САД веќе нудат награда од 10,5 милиони долари за информации за Саиф, кој се бара за бомбардирањата на американските амбасади во Најроби и во Дар ес Салам, во кои загинаа 224 лица.

Саиф ја предводеше личната „Црна гарда“ на Бин Ладен, единица за заштита во Авганистан, именувана по црните шамии.

авганистан актуелно Ал Каеда Бин Ладен исламска држава ФБИ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.