Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Регистриран случај на тромботичен ефект од „Астра Зенека“, примена во Србија
Градови

Филипче: Регистриран случај на тромботичен ефект од „Астра Зенека“, примена во Србија

март 31, 2021Updated:март 31, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Кај нас е регистриран случај на девојка која има 28 години со таков тромботичен ефект кој се поврзува со примена една доза на вакцината „Астра Зенека“ во Србија. Таа од вчера е на болничко лекување. Тромботичниот ефект се јавил шест до седум дена после вакцинацијата. Не се констатирани претходни заболувања“, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во врска со вакцината на „Астра Зенека“ и вчерашните информации како став на Германија и Канада со оглед на тоа што имаше пријавени случаи на тромбоза на лица под 55 години односно 60 години, посочи, одлучивме да бидеме внимателни и да одиме полека, но сигурно и во таа смисла ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна.

Многу е тешко, посочи министерот, да се каже дали има некоја точна временска рамка во која нешто може да се очекува.

– Веќе денеска од Германија има и други најави дека ќе се продолжи со вакцинацијата, но после консултација со лекар, но затоа сакаме да бидеме претпазливи. Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови со кои сакаме да размениме соодветни информации евентуално да се обратиме со Европската агенција за лекови и директно до германското Министерството за здравство.

Станува збор за тромботична реакција како резултат на вакцината од „Астра Зенека“ кај помлади луѓе и тоа е една реакција на тромбоцитите после што се создаваат мали згрутчувања на крвта. Станува збор за исклучително мал број случаи некаде од еден на 120 000 до еден на милион. Но, повторно ќе кажам исто се ретки ние сакаме да бидеме многу претплазливи, рече Филипче.

Имајќи предвид дека еден дел од граѓаните се вакцинираше во Србија во изминатиот период, појасни, засега нема никакви препораки дека нешто превентивно треба да се прави ако некој примил една доза на вакцината на „Астра Зенека“.

Сепак станува збор за многу ретки случаи. Во однос на ревакцината, сите граѓани кои се вакцинирани ќе бидат ревакцинирани согласно препораките кои ги очекуваме во следниот период. Значи ќе започнеме со оние други категории граѓани за што веќе ги собираме податоците тогаш кога ќе бидеме сигурни дека вакцинацијата со оваа вакцина може да продолжи и кај помлади луѓе. Имајќи го се ова предвид и ставовите на овие сериозни агенции за лекови, Германија и Канада ќе бидеме внимателни и ќе видиме во која насока ќе продолжиме,истакна Филипче.

Потенцира дека верува оти ќе се потврди уште еднаш дека бенефитот од вакцината во смисла на тоа ризикот да се заболи од тешка форма на Ковид е многу поголем од ризикот да се добие некаква таква компликација.

Нема да избрзаме, ги чекаме сите препораки од официјалните институции вклучително можеби и некаква препорака од производителот, додаде Филипче.

актуелно астра зенека филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.