Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне

ноември 26, 2026

IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии

ноември 26, 2026

Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

ноември 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
  • IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии
  • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
  • Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити
  • Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?
  • Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор
  • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
  • Пет продолжени викенди во 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември
Македонија

Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември

април 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За евентуално коалицирање за локалните избори во втората половина на октомври, СДСМ ќе соопшти во септември, по одржувањето на пописот, но претседателот на
партијата Зоран Заев од сега повика на соработка.

Одговарајќи на новинарско прашање дали на изборите СДСМ ќе настапи заедно со некоја од партиите од албанскиот политички блок, тој денеска одговори дека е рано што било да се каже за тоа, и дека, веројатно, тоа ќе се знаело еден месец пред локалните кога, како што рече, традиционално се дефинираат коалициските настапи и се избираат кандидатите за советници и градоначалници.

„Сè уште е рано. Кога ќе ги донесеме одлуките на нашите состаноци, веднаш ќе ги соопштиме. Но, тенденцијата ни е сплотеност и заедништво, и секогаш да настапуваме во духот не едно општество за сите. И уште сега го испраќам повикот за соработка – предизборна и послеизборна, затоа што преку соработка и единство ќе можеме да постигнеме и поголеми успеси“, рече Заев.

Прашан за состојбите во СДСМ и дали има превирања, бидејќи членови на партијата формираат независна советничка листа во Охрид, а и поради повлекувањето на Радмила Шекеринска од фунцијата заменик-претседател на партијата, Заев одговори дека Социјалдемократскиот сојуз е единствен и тоа е покажано во нивното секојднево функционирање.

„Различни сме во разноликоста на нашите ставови и размислувања и тоа нè прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање. Листите за кои слушнавме во Охрид се порака, пред сè, до Социјалдемократскиот сојуз и ќе разговараме во деновите пред нас, имаме неполни шест месеци до изборите. СДСМ секогаш по пат на единство ги извојувал победите, но и континуираните промени што се случуваат“, одговори Заев.

За откажувањето на Шекеринска од партиската функција, пак, рече дека веќе кажал оти ги прифаќа нејзините ставови и дека има, како што рече, огромни можности и аспекти за соработка во иднина.

„Затоа што не сме само претседател и заменик-претседател на СДСМ во осум години или два мандата, туку сме и добри другари. Знам дека животот и понатаму ќе продолжи во исклучително добра соработка помеѓу мене и Радмила“, додаде премиерот и претседател на СДСМ.

Тој потсети и дека на 16 мај претстои конгрес на партијата, кој е многу значаен зашто во најава се новите политики на СДСМ.

„Верувам дека тој успешно ќе помине и во релаксирана атмосфера. Партијата ги користи викендите и доцните вечерни часови да работи на кадровски, но и на дизајнирање на новите политики. Синоќа завршивме 4-5-часовен состанок на кој сите ние, актуелното раководство, извлековме важни заклучоци. Го знаеме патот, сега ги трасираме првите чекори кои треба во втората половина на мај веќе да почнат. За изборите ќе почнеме со истражување, анкети, сондажи, пред сè, помеѓу граѓаните и нашите поддржувачи, со конечна цел граѓаните да научат што е тоа што би било најдобра испорачана понуда од СДСМ“, додаде Заев.

 

 

(Фото: МИА)

Зоран Заев охрид Радмила Шекеринска сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

ноември 26, 2026

Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити

ноември 26, 2026

Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?

ноември 26, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.