Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Г.г. Стефан: Почитувајте ги мерките, чувајте го здравјето
Градови

Г.г. Стефан: Почитувајте ги мерките, чувајте го здравјето

април 30, 2021Updated:април 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Велигден, денот на Христовото воскресение, е празник на животот и настан што ја промени историјата на светот. Воскреснатиот Господ е почеток и крај, и под небото нема друго име со кое би можеле да се спасиме. Оттаму Христовото Воскресение е нашата непоколеблива надеж, зашто „од смртта кон животот и од земјата кон Небото, Христос Бог нè преведе“. Затоа, животот на секој христијанин, треба постојано да се напојува и да се храни од верата во славното Христово Воскресение, истакнува во велигденското обраќање архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

И тој неповторлив настан, посочува г.г. Стефан, не треба да се доживува како празнување заради празнување, туку треба да биде вистинско сведочење, со учество во сеспасителната победа на животот над смртта.

Живееме во време со постојани искушенија. А како и сиот свет, и ние се соочуваме со здравствени проблеми – со ширењето на заразната болест, кое продре во сите сегменти од живеењето. Затоа татковски повикувавме и повикуваме на трпеливо прифаќање и на спроведување на предвидените мерки, на претпазливо чување на своето и на здравјето на другите, како и навремено примање на соодветни лекарства и вакцини.

Исто така, потребно е да се оддадеме и на постојана молитва: и за тие што боледуваат, и за тие што се трудат околу нив, како и за душите на оние коишто починаа од последиците на болеста, потенцира архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Господ Христос, преку Својата жртва, го победи секое страдање и ни донесе радост, која никој не може да ни ја одземе. Затоа, да Му благодариме за сѐ на Бога ‒ распнатиот и воскреснатиот, покорувајќи се на Неговата волја и молејќи Го да ни дарува трпение и послушание, да нѐ упати кон секое добро дело, да нѐ утврди во верата и да нѐ подготви за достојни исполнители на Неговото Свето Евангелие.

Честитајќи ви го Празникот над празниците, на сите чеда на Мајката Македонска Црква, во Татковината и насекаде по светот – ве поздравуваме со најрадосниот поздрав: Христос Воскресе!, истакнува г.г. Стефан во Велигденското обраќање.

актуелно г.г.Стефан здравје мерки почитување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.