Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Нејзин домаќин е претседателот Стево Пендаровски, кој ќе ја пречека Зурабишвили пред Вила Водно со највисоки државни и воени почести.
Пендаровски и Зурабишвили ќе имаат тет-а-тет средба, а ќе се одржи и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Грузија.
Грузиската претседателка денеска ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Во рамки на официјалната посета предвидено е да бидат потпишани Договор за безвизен режим и Меморандум за соработка во областа на културата.







